BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-6201090a4cf6e501f9f0d7a1c75c584d@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230805T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230805T210000
DTSTAMP:20230612T111453Z
CREATED:20230612
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Игор Пикајзен – виолина; Илинка Манова – пијано
DESCRIPTION:Игор Пикајзен-виолина\nНаградуваниот Руско-американски виолинист Игор Пикајзен се смета за еден од најталентираните и најбарани солисти на неговата генерација.\nВо сезоната 2022/23 ќе биде промовирано неговото ЦД снимено за компанијата „Ворнер Мјузик“ со Лондонската филхармонија на кое ги изведува концертите од Глазунов и Чајковски, а исто така следи и промоција на изданието  „Фантазии за виолина и пијано“ заедно со пијанистката Татјана Пикајзен.\nСледните и неодамнешни настапи ги вклучуваат концертите со Симфонија Торонто, Филхармонијата на Бока дел Рио, Мексиканскиот симфониски оркестар, Рускиот државен Симфониски оркестар, оркестрите во Истанбул, Чиле и Конектикат, Националниот симфониски оркестар во Грузија, оркестрите во Измир и Женјанг.  Со рецитали ќе настапува во Чикаго, во Солт Лејк Сити во престижната серија концерти „Џина Бахауер“ како и во Њујорк. Претходно Пикајзен настапувал со Московскиот радио оркестар, Филхармонијата во Букурешт, оркестрите во Тбилиси, Јокохама, Бакау, Бјалисток, Кјелце под диригентските палки на Лиор Шамбадал, Лукас Борович, Александар Плат, Емил Табаков и многу други истакнати диригенти.  Со рецитали настапува во некои од најпрестижните концертни центри како „Карнеги Хол“ и „Алис Тали Хол“ во Њујорк, салата „Чајковски“ во Москва, „Флаже“ и „Бозар“ во Брисел, „Аудитори“ во Барселона, „Кадоган хол“ во Лондон и др, како и на фестивалите „Вербие“, „Долината Напа“, „Ноќни серенади“ и др.\nИгор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“  во Њујорк, а магистрира и се здобива со уметничка диплома на престижниот Универзитет „Јеил“. Добитник е на прва награда на натпреварот „Луис Сигал“ во Виња дел Мар во Чиле во 2015 година, прва награда на Меѓународниот натпревар „Вронски“ во Варшава, и сребрен медал на натпреварите „Х. Шеринг“ и „Клостер -Шонтал“. Пикајзен живее и работи на релација Њујорк- Денвер-Вестпорт каде е основач на летниот музички фестивал „Еделио“. Во 2019 година е назначен за професор  по виолина на Музичката школа „Ламонт“ при универзитетот во Денвер.\n \nИлинка Манова-пијано\nМакедонската пијанистка Илинка Манова која живее и работи во САД е добитничка на повеќе награди, а нејзината љубов и страст кон музиката ја преточува во суштинско изучување на оваа уметност. Првите образовни стадиуми ги завршува во Скопје во класата на проф. Валентина Нолчева, за потоа да продолжи да студира во класата на проф. Арбо Валдма во Келн и во класата на д – р Соломон Миковски на „Менхетен“ школата за музика во Њујорк.  Добитничка е на полна стипендија за нејзините студии со Стефани Браун на САНИ каде што се здобива со титула магистер и  со уметничка диплома. Во моментов е запишана на докторски студии за музичка уметност под менторство на д-р Анџелина Гаделија на Универзитетот во Конектикат.\nДобитничка е на прва награда на 29. Меѓународен натпревар за уметници во Њујорк, по што следи нејзиниот соло рецитал во „Карнеги хол“ во 2001 година. Добитничка е на повеќе стипендии, награди и признанија и тоа: наградите на градот Сенигалија во Италија, и Државната награда на тогашна Југославија на натпреварот за млади музичари во Сараево. Настапувала во Тајван, во зградата на ОН во Њујорк, во престижните „Стенвеј“ и “Меркин хол“, како и во други концертни сали во САД.  Како солист и камерен музичар остварила настапи во Париз, Рим, Бон, Келн, Женева, Сенигалија, Белград, Љубљана, Скопје, како и низ повеќе градови во Источна Европа, и во САД. Илинка Манова е директор на непрофитната организација АртАхимса која преку уметностите промовира ненасилна култура. Предава во музичките училишта „Браунинг“ и „Дилер -Квејл“ во Њујорк, а нејзините ученици се лауреати на повеќе натпревари. Од 2012-2022 година Манова беше еден од раководителите на „Рондо“ платформа и натпревар за млади музичари преку која бројни млади уметници се мотивирани да го развиваат нивниот талент преку можности за концертни претставувања  во „Карнеги хол“, како и преку учество на мајсторски курсеви на летната академија „Рондо“ во Женева, Швајцарија.\n \nПрограма: \n \nР. Шуман: Соната за виолина и пијано оп. 105 a-moll\n                                Mit leidenschaftlichem Ausdruck\n                                Allegretto\n                                Lebhaft\n \nА. Перт:  “Fratres”  („Браќа“) за виолина и пијано\n \nЕ. Исаи: Каприс според етида во форма на валс од Сен-Санс\n \n-пауза-\n \nК. Дебиси: Соната за виолина и пијано\n                                Allegro vivo\n                                Intermède: Fantasque et léger\n                                Finale: Très animé\n \nЕ. Исаи: Соната за соло виолина бр. 6 оп. 27 E-dur\n \nМајкл Фајн: „За пријател“ за виолина и пијано\n \nИгор Фролов: Концертна фантазија на теми од операта „Порги и Бес“ од Џ. Гершвин\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/igor-pikajzen-violina-rusija-sad-ilinka-manova-pijano-makedonija-sad/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/igor-i-ilinka-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
