BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-fcc852ebf6cd4e2633e85d81cc3cab92@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230807T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230807T210000
DTSTAMP:20230612T114407Z
CREATED:20230612
LAST-MODIFIED:20230711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Пијано дуо Гелебешеви
DESCRIPTION:Пијано  – дуо „Гелебешеви“ \nВо сферата на камерното музицирање, пијано – дуото „Гелебешеви“ од почетокот на своето делување во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна концертна кариера во С. Македонија и на бројни интернационални подиуми ширум светот.\nДуото го сочинуваат двајца истакнати македонски пијанисти, Катерина Костадиновска -Гелебешева и Глигор Гелебешев. Тие поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина – Пијано- дуо „Гелебешеви“ е препознатливо на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфичен за изразито талентирани и врвно подготвени уметници што со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и на најпребирливата публика.\nРепертоарот на дуото „Гелебешеви“ е селекција од колоритни дела со разновидна стилска и жанровска определба што најсликовито може да го претстави естетскиот афинитет на двајцата уметници. Започнувајќи од класиката и сонатите на Моцарт, концертните програми содржат оригинални дела за пијано – четири раце и дела за две пијана, со посебен нагласок на епохата на романтизмот: Шуберт, Шопен, Росини, Брамс, Дворжак, Шабрие, Лист, како и сите бои и звуци на дваесеттиот  век – Дебиси, Равел, Рахмањинов,  Хачатуријан, Барток, Барбер, но и низа композиции од современи композитори од дваесет и првиот век. Со цел промоција на македонската музичка култура надвор од границите на својата земја, дуото особено внимание посветува на изведба на пиеси од современи македонски композитори. А транскрипциите на познати оркестарски и камерни дела, подготвени од пијанистот Глигор Гелебешев, специјално за дуото, несомнено на нивните настапи им даваат дополнителна творечка и креативна димензија.\nДуото „Гелебешеви“ претставува реномиран камерен ансамбл во Р. Северна Македонија што континуирано настапува во градовите низ земјата и на сите најзначајни фестивали во сферата на класичната музика: „Охридско лето“, „Златна лира“, „Денови на македонска музика“, „Хераклејски вечери“, „Интерфест“, „Скопско лето“, „Прилепско лето“, „Штипско лето“… Од 2005 година со настапот на Светскиот ден на музката во Париз, пијано – дуото „Гелебешеви“ ја започнува својата интернационална кариера. Низ годините што следат, се редат  успешни концертни турнеи во: Италија, Холандија, Романија, Полска, Србија, Бугарија, САД, Турција.\nЗа својата плодна концертна дејност пијано – дуото „Гелебешеви“ е добитник на највисокото признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, наградата „Златна лира“ во 2012 година. Имаат и соработка со повеќе медиумски куќи во Македонија и во странство и две ЦД изданија.\nКонцертните остварувања на пијано дуото „Гелебешеви“ покрај афирмативните реакции на публиката, наидуваат и на одлични согледувања  во стручните рецензии на музичката критика :\n„…Високиот степен на техничката подготвеност, во спрега со уметничката емоционалност на двајцата пијанисти, претставува еден буен и чист звучен пејзаж, кој патува низ еден музички космос во кој нештата се идеално подредени…“  муз. рецензент Васка Наумова – Томовска.\n„….Игрив шарм, испреплетен со брзина, деликатна точност, перкусивна брилијантност, импресивен сонорен, лебдечки звук, со прецизно формирани мелодиски линии…“  муз. рецензент Јулијана Папзова.\n„… дуото „Гелебешеви“ се наметнува со неколку важни компоненти во музицирањето – бистрина и подвижност на пијанистичката техника како и  исклучително прецизна артикулација во музичките фрази од познатите арии на Росини, што на моменти звукот на пијаното го претвора во реални вокални линии…“  муз. рецензент Викица Костоска – Пенева.\n \nПрограма:\n \nК. Дебиси: Мала Свита L 71a\n                Во лотката\n                Поворка\n                Менует\n                Балет\n \nФ. Шуберт: Фантазија f-moll п. 104 D940\n \n-пауза-\n \nС. Рахмањинов: Свита оп. 5\n                Баркарола\n                Љубов и Ноќ\n                Солзи\n                Празник\n \nД. Шостакович:  Кончертино оп. 94\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/pijano-duo-gelebeshevi/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/cd.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
