BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-6bbd80b04535d39be5e02dbfd8730469@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20230818T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20230818T210000
DTSTAMP:20230612T203147Z
CREATED:20230612
LAST-MODIFIED:20230616
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Театарска претстава ,,Нора”
DESCRIPTION:Режисер:Нела Витошевиќ\nГрадски театар Љубљана (МГЉ), Словенија\n \nНора е навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг. За да му помогне при закрепнувањето кога бил тешко болен, Нора го фалсификувала неговиот потпис и позајмила голема сума пари од нотарот Крогстад, кој сега ја уценува и ѝ се заканува дека ќе ја открие нејзината тајна. Нора очајно сака Торвалд да ги разбере причините за нејзиното однесување и да застане на нејзина страна. Но, кога ќе се случи спротивното, таа го гледа со поинакви очи и сфаќа дека веќе не може да живее со него.\n \n„Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвика невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот. Нора низ целата драма пее и цвркоти, купува подароци, со нетрпение го чека Божиќ, но тоа е само улогата што општеството ѝ ја доделило. На крајот признава дека никогаш не била среќна со својот маж. Нора не е само драма за жената туку пред сè е драма за бракот.\n \nНела Витошевиќ (1984) е една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци. Во 2007 година дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на ширум познатиот режисер Слободан Унковски, каде што и магистрирала во 2014 година. Досега, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ и на Меѓународниот фестивал МОТ има добиено 15 награди. Од 2017 година е вработена во Македонскиот народен театар во Скопје како режисерка.\nИма режирано околу 30 претстави на различни македонски сцени, од класични дела, современи пиеси како и сценски адаптации на филмски сценарија и кратка проза.\nВо 2020 година, со својата независна група Wonderland Theater, на Интернет ја постави претставата „Илузии“ од современиот руски писател Иван Вирипаев, а во 2021 година, во копродукција со Драмскиот театар од Скопје, го создаде проектот „Работи за кои не зборуваме“, чиј текст е создаден врз основа на одѕивот од анонимниот конкурс преку кој луѓето споделуваа приказни за своите интимни трауми.\n \n \nУлоги:\nНОРА ХЕЛМЕР – Ајда Смрекар,\nТОРВАЛД ХЕЛМЕР – Матеј Пуц,\nНИЛС КРОГСТАД – Јернеј Гашперин,\nКРИСТИНЕ ЛИНДЕ – Нина Раковец\nДОКТОР РАНК  – Јуриј Древеншек\n \nДраматург – Петра Погоревц\nСценографија – Урша Видиќ\nКостимографија – Тина Бонча\n \nПретставата трае 2 часа без пауза\nПретставата е наменета за целата публика\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-nora/
LOCATION:Центар за култура „Григор Прличев“
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/nora_1600x1000px_foto-peter-giodani_9394.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
