BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-0ced31e7b2fbf4aa2e87aca9f7c1a0a6@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240718T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240718T210000
DTSTAMP:20240606T111949Z
CREATED:20240606
LAST-MODIFIED:20240627
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Aвстриска вечер; Квартет Арпеџо – Виена
DESCRIPTION:Квартет Арпеџо – Виена\nЛеонард Фурда- прва виолина\nРоден во Клуж-Напока во Романија, Леонард Фурда е докажан виолинист и член на Виенскиот камерен оркестар. Виолина започнува да учи во родниот град каде на бројни натпревари освојува први награди. Образованието го продолжува на Универзитетот во Виена  од каде излегува како зрел музичар. Негова основна пасија е живата изведба, како солист или во дуо со пијано. Настапува во престижни концертни сали како „Атенеум“ во Букурешт и Филхармонијата во Минхен. Комбинирајќи виртуозна техника и експресивна интерпретација, Леонард  ја освојува публиката ширум светот настапувајќи со Виенскиот камерен оркестар но и со други ансамбли.\n\n \nЈохана Лакроа- втора виолина\nЈохана Лакроа е слободен уметник од Виена. Нејзините ангажмани ги вклучуваат: Камерната опера во Виена, барокните ансамбли како „Бах Консорт“- Виена, „Ле Талан Лирик“, Оркестарот на Виенската академија, „Оркестар 1756“, Ансамблот „Матеус“, Ансамблот „Клаудиана“, а исто така, настапува и во различни камерни формации. За време на нејзините студии на Универзитетот во Грац во класата на Естер Хафнер, таа се фокусира на современа и барокна музика, дополнувајќи ги студиите со посета на семинари во Клангфорум Виена, Ансамблот „Решерше“, Фрајбуршкиот барокен оркестар и др. Од 2014 година е дел од серијата концерти водени од „Амбитус“, група посветена на современата музика, а истовремено настапува и во разни интердисциплинарни проекти како солист и камерен музичар. Од 2017 година Лакроа заедно со Чанда Вандер Харт е уметнички диркетор на „Тејлспин-музички бајки за млади и стари“, и е ко-автор на книгата и ЦД „Мајмунот кој си ја бараше бељата“. Книгата е промовирана во виенскиот „Музикферајн“ пред распродаден аудиториум. Во 2022 година ова дуо ја издава и аудио книгата „Моргиана и 40-те разбојници“.\n\n \nЕнтони Гилберт-виола\nЕнтони Гилберт е виолист од Мемфис, Тенеси. Од 2020 година живее во Виена и редовно настапува како член на Виенскиот камерен оркестар. Во периодот од 2016-2020  година е заменик – водач на групата виоли во Филхармонискиот оркестар на Малта. Како камерен музичар, Ентони настапувал со Ансамблот „Призм“ во Мемфис и бил предавач на летната школа на истоимениот фестивал. Во периодот од 2007-2011 година бил извршен директор на ансамблот „Ероика“. Ентони студирал на колеџот „Оберлин“, а магистерските студии во 2003 година ги завршува на Колеџот за изведувачки уметности во Чикаго.\n\n \nМара Ахлајтнер- виолончело\nМара Ахлајтнер е родена во Пало Алто, Калифорнија, а живее во Виена од 2003 година. Откако три години настапува во оркестарот на ОРФ (Радио Виена), Мара започнува соработка со ансамблот „Лукс“, квартет од Виена кој е посветен на изведба на дела од современи автори. Како водач на групата виолончела, Мара настапувала на турнеи во Јапонија и во Европа со Оркестарот на виенскиот бал, а редовно настапува со Виенскиот камерен оркестар и Ансамблот „Контрапункт“ во престижните Музикферајн и Концертхаус во Виена. Таа е водач на групата виолончела на „Биг Ајланд“ оркстар кој е специјализиран за снимање на музика за филм и мултимедија.\n\n \nТина Жердин-харфа\nСловенечката харфистка Тина Жердин ги завршува студиите по харфа на Универзитетот во Виена со голем успех. Актуелно е харфистка на оркестарот на Виенската академија, на Виенскиот камерен оркестар како на Австро-унгарската „Хајдн Филхармонија“ и на оркестарот „Синхрон“. Често е ангажирана и во Виенската опера како и во други виенски оркестри. Како солист и камерен музичар Тина Жердин е активна најмногу во Австрија и Словенија, но и во други земји во Европа и Азија. Изведува современа музика со ансамблите „Клангфорум“, „Реконсил“, „Контрапункт“, а од 2017 године е членка на квартетот „Ерборн екстендед“. Амбасадор е на словенечката  современа музика и е вклучена на бројни аудио изданија. Од 2024 година е менаџер на Словенечкиот културен центар „Коротан“ во Виена.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/avstriska-vecher/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/avstriska-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
