BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-1766fff4851ac9c11f3200477fb8cc76@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240721T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240721T210000
DTSTAMP:20240606T124949Z
CREATED:20240606
LAST-MODIFIED:20240717
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Драган Ѓорѓевиќ Сузуки – виолончело, Србија  Дино Имери-пијано, Северна Македонија
DESCRIPTION:Драган Ѓорѓевиќ-виолончело\nПрофесионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, Драган е основач на ансамблот „Вива Чело“ и на фестивалот „Раванелиус“, ко-основач e на квартетот „Рубикон“ и уметнички раководител на „Чело фест“ во Белград.\nРоден во Србија, на шест годишна возраст започнува да изучува музика и виолина по методата Сузуки во Специјализираното музичко училиште за талентирани деца во неговиот роден град Ќуприја, а по само две години го менува инструментот и започнува да учи виолончело со проф. Реља Ќетковиќ. По студиите на ФМУ во Белград, го продолжува образованието на „Гилхол“ школата за музика во Лондон во класата на проф. Стефан Попов, а потоа и на Високата школа за музика во Есен (Германија) кај виолончелистот Јонг Чанг Чо од Кореја.\nНа млада возраст е именуван за професор по виолончело на ФМУ во Белград, каде паралелно со педагошката кариера континуирано се усовршува со челисти и музичари како:  Миша Мајски, Борис Пергаментчкиов, Давид Григориан, Тобиас Куне, Давид Такено, Станислав Аполин и со камерните ансамбли „Велингер“, „Такач“, „Мелос“ и квартетот „Албан Берг“.\nЛауреат и добитник на награди е на натпреварите за виолончелисти „Антонио Јанигро“, натпреварот на Музичка младина во Белград, како и на натпреварот „Орфеус“ и во Макрнеукирхен.\nКако солист и камерен музичар настапува во Европа, САД и Кина, на реномирани фестивали како Би-Би-Си Промс, фестивалот на градот Лондон, фестивалите „Енеску“, „Сион-Вале“, „Охридско лето“, „Чело фест“ и „Бемус“ во Беград, „Котор-Арт“ и др. Настапува со Белградската филхармонија, камерниот оркестар „Амаде“, Радио оркестарот на Романија, оркестарот на РТВ Словенија, камерниот оркестар во Бамберг, Македонската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулдт, Ен Шао, Минчо Минчев, Алена Баева, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Франческа Дего, Џон Адамс, Лесли Хауард и многу други.\nВо 2011 година на покана од Валериј Гергиев, Драган Ѓорѓевиќ е гостин-водач на секцијата виолончела на оркестарот на театарот „Марински“, одржува рецитал во концертната сала на овој театар, ја освојува наградата на Загрепската концертна агенција, и со квартетот „Рубикон“ настапуваат на Фестивалот на градот Лондон.\nПосветен на педагошката кариера,  Драган е редовен професор на ФМУ во Белград, а одржува мајсторски курсеви во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија и другите балкански  држави. Свири на инструмент изработен од Џејмс и Хенри Бенкс во 1797 година.\n  \n \nДино Имери – пијано\nДино Имери (1990) или “волшебникот на пијаното” (француски OPS Magazine) е еден од најреномираните македонски пијанисти и професори. Со огромен успех настапува на престижни сцени низ светот, а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката и критиката.\nПрогласен е за Најдобар Уметник на УКИМ (признание кое се добива еднаш во кариерата) и рангиран е во десетте најдобри европски пијанисти. Лондон, Рим, Кан, Стразбург, Бари, Љубљана, Загреб, Белград, Софија се само дел од градовите вклучени во богатата концертна агенда каде Имери го прикажал својот “рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и неверојатна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет” (Е. Дочева, Kultura.bg), а соработува редовно со еминентни оркестри, диригенти, инструменталисти, пејачи, мултимедијални\nартисти и други. Со преку петнаесет години блескава концертна дејност позади себе, Дино Имери го пренесува своето знаење и искуство на младите како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ. Членува во бројни стручни меѓународни комисии и жирија, а за својата хуманитарна дејност се здобил со признанието “Св. Мајка Тереза”. “Името на Дино Имери е запишано со златни букви” (В. Костоска Пенева, музиколог) во современата македонска и светска пијанистичка историја.\n  \n \nПрограма:\n \nЛ. В. Бетовен:                      Седум варијации на тема на\nМоцартовата „Волшебна флејта“  WoO 46\n \nА. Шнитке:                            Свита во стар стил оп. 80\n \nР. Шуман:                             Адаџо и Алегро оп. 70\n \n \n–пауза-\n \n \nС. Рахмањинов:                 Соната за виолончело и пијано g-moll оп.19\n \n                                                Lento. Allegro moderato\n                                                Allegro scherzando\n                                                Andante\n                                                Allegro mosso\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/dragan-gorgevik-suzuki-violonchelo-srbija-andrej-gugnin-pijano-rusija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/dragan-i-dino-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
