BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-a52357f1ce8160dee6563b6a3391ffa8@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240730T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240730T210000
DTSTAMP:20240606T140832Z
CREATED:20240606
LAST-MODIFIED:20240624
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ , Р.С. Македонија
DESCRIPTION:Камерен оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“\n \nКамерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина. Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар покрај делата од светската класика свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори. Веќе 38 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните  години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.\n\n \nИван Еминовиќ-диригент\n \nРоден во Скопје, музика започнал да учи на шест годишна возраст, на одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар. Во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многу други концерти.\n\n \nЕнис Аљи- виолончело\n \nЕнис Аљи е роден во Скопје. Почнува да свири виолончело на единаесетгодишна возраст под водство на проф. Маре Видевска. Подоцна, се запишува во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Учествува на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и Франција каде што бил наградуван со први и специјални награди. По завршувањето на средното образование, ги продолжува студиите на Академијата за уметности во Тирана, Албанија, под менторство на проф. Дорина Ларо, а мастер студиите исто така ги завршува со највисока оцена на истата академија со истоимениот професор. Учествувал и свирел на повеќе семинари земајќи препораки од реномирани виолончелисти како што се: Анси Картунен, Анатоли Крастев, Карел Брендерхорст, Астрит Селита, Јоана Сахрин, Диего Суарез Фернандез и др.  Како оркестарски музичар соработува со значајни диригенти и солисти. Настапува како водач со ансамбли како што се Албанската филхармонија (Албанија) „Ансамбл XXI” (Финска), Музичка младина на Македонија (МММ), ансамблот „АРКО”, гудачкиот оркестар на Скадар „Скендербег”, гудачкиот оркестар „Таденус”. Дел е од состави како што се: гудачките оркестри „Профундис” и „Ајга”, оркестарот „Young Musicians European Orchestra” (Италија) како и националните институции на Филхармонија и Опера и Балет во Македонија и Албанија\n \nСимеон Гошев -виолина\nСимеон Гошев, роден е во 2003 година во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Во 2009 година почнува да учи виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Ана Кондратенко, наскоро потоа започнува да настапува на државни и меѓународни натпревари. Образованието го продолжува најпрво во класата на проф. Румен Димитриев, а потоа со проф. Јелена Туфекчиевска. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето, а во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетува семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,… Има одржано многу рецитали низ повеќе градови во земјава, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Свирел како солист со оркестарот на Филхармонија на Р.С.Македонија и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е и прва виолина на квартетот „Лаит“ и горд член е на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и нашата  Филхармонија. Настапувал на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, академија „Рок класик“, Институтот „Фејмс“…\n \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/konczert-na-kamerniot-orkestar-na-mmm-sasha-nikolovski-gumar-r-s-makedonija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mmm-slika-.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
