BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-e14f2c0c9152f1c78681652ff1189f2b@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240802T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240802T210000
DTSTAMP:20240607T141134Z
CREATED:20240607
LAST-MODIFIED:20240729
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:ВЕЧЕРЕН ЅВОН; Авторски концерт посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски
DESCRIPTION:Гоце Коларовски (5.02.1959, Скопје – 30.11.2006, Скопје) ѝ припаѓа на генерацијата македонски композитори чиешто творечко формирање се одвиваше во условите на постојан подем на професионалното музичко творештво и зацврстување на позициите на македонската национална композиторска школа. Потекнува од познатото семејство Коларовски од Скопје – Драчево, а неговиот дедо Миле Коларовски беше истакнат изведувач на кавал и гајда, еден од основоположниците и долгогодишен член на државниот ансамбл „Танец“. Композиторското образование Гоце Коларовски го стекна на Факултетот за музичка уметност – Скопје (класа на академик проф. Властимир Николовски) и на Конзерваториумот „Н. А. Римски-Корсаков“ во Санкт-Петербург (Ленинград, класа на проф. Сергеј М. Слонимски). Подоцна, кај Властимир Николовски ги завршува и постдипломските студии, станувајќи прв магистер по композиција на ФМУ – Скопје. Творештвото на Гоце Коларовски, цврсто потпрено на националната музичка традиција (македонскиот музички фолклор, старото православно пеење), ги одразува и различните текови на современата западна музика: фолклоризмот на Барток и Стравински, но и авангардните постапки низ призмата на полската школа. Во подоцнежниот период особено значење за него добиваат и Веберн и Ајвз – концентрираноста на изразот и рационалноста кај едниот и обемноста и слоевитоста на содржината кај другиот. Специјалниот интерес на Коларовски е насочен кон истражувањето на звукот врз база на феноменот на ѕвоната – воедно и препознатливиот знак на звучниот амбиент на православната традиција. Во композиторскиот опус на Гоце Коларовски, иако не обемен, речиси сите дела претставуваат значаjнa појава и се на репертоарот на музичките уметници и ансамбли во Македонија и други земји. Меѓу нив се Симфонијата, Концертот за оркестар, Концертот за пијано и оркестар, делото „Молитвами“ за симфониски оркестар, композициите за гудачки оркестар, различни камерни состави и солистички инструменти. Прераното заминување на композиторот го остави овој опус отворен, своевиден “unanswered question” (насловот на делото на неговиот омилен Ајвз чијашто тема е цитирана во кантатата „Гласови“ на стихови од Т. Елиот). Поголемиот дел од творештвото на Гоце Коларовски е снимен во МРТ и ставен на носачите на звук издадени од Сојузот на композиторите на Македонија. Во СОКОМ се печатени и неколку негови партитури.\nГоце Коларовски остана во историјата на македонската музичка култура како генеричка личност, промотор на нови идеи, сфаќања и стандарди. Како долгогодишен професор по композиција и група теориски предмети на ФМУ –Скопје, а во два мандата и декан на оваа институција, тој ја поттикнуваше креативноста кај младите со кои штедро ги споделуваше своите знаења и творечка енергија. По негова иницијатива во Македонија се одржаа и првите меѓународни летни школи по композиција. Неговата педагошка дејност се одвиваше на бројни семинари и мастер класи, а беше и поканет професор на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како научник и публицист, тој ги промовираше новите теориски концепти, разработувајќи ги прашањата на современата музика и музичкото образование и претставувајќи ги на бројни научни собири во земјава и странство. Општествената дејност на Гоце Коларовски се одвиваше во Сојузот на композиторите на Македонија каде што повеќе години беше член на претседателството и селектор на манифестацијата „Денови на македонската музика“, придонесувајќи за нејзиниот меѓународен карактер. Гоце Коларовски е добитник на неколку награди и признанија за придонесот во композиторското творештво. Неговата симфониска музика, камерни дела за различни состави, солистички композиции со успех се изведуваат на концертните и фестивалските подиуми во Македонија и во други земји, секогаш оставајќи траен впечаток со својата длабока мисла, емотивност и композиторско мајсторство.\n \nВикторија Коларовска-Гмирја, музиколог.\n \n \nМарија  Вршкова – пијано\n\nВладимир Костов – виолина\n\nМарија Ѓошевска – пијано\n\nГонца Богоромова – сопран\n\nСтрашо Темков – флејта\n\nГудачки квартет: Ева Богоевска – виолина, Ивана Здравкова – виолина, Леона Кондратенко – виола, Маја Михајловска-виолончело\n   \nР.С. Македонија\n \nПрограма:\nВечерен ѕвон (1992)\nМарија Вршкова -пијано\n \nТри прелудиуми за виолина и пијано (1986)\nAllegretto\n                        Lento, tranquillo e cantabile\n                        Allegro\nВладимир Костов -виолина, Марија Вршкова -пијано\n \nСонатина за пијано (1980)\n            Allegro\n                        Песна. Adagio ma molto ad libitum\n                        Presto\nМарија Ѓошевска – пијано\n \nЧетири снежни мигновенија (2003, на хаику од Мацуо Башо во препев на Томе Арсовски)\n            Да излеземе во дворон\n                        Првиот снег\n                        Гарванот\n                        Запали го огнот\nГонца Богоромова Краповски -сопран, Марија Вршкова -пијано\n \nСоната за виолина и пијано „Ленинградска“ (1988)\nВладимир Костов -виолина, Марија Вршкова -пијано\n \nСам – Езгија (1997)\nСтрашо Темков -флејта\n \nРаспеви (1991, авторска верзија за гудачки квартет 1992)\nЕва Богоевска -виолина, Ивана Здравкова – виолина, Леона Кондратенко – виола, Маја Михајловска -виолончело\n \nИзбор на програмата: Викторија Коларовска-Гмирја, музиколог\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/vecheren-zvon/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gocekrupno.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
