BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-8031e8f282c78983bc47cc24ce5d90d3@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240808T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240808T210000
DTSTAMP:20240607T143623Z
CREATED:20240607
LAST-MODIFIED:20240729
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Климент Тодороски – виолина; Марија Вршкова – пијано, Р.С. Македонија
DESCRIPTION:Климент Тодороски-виолина\nКлимент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Учесник е на семинари, концерти и натпревари во Словенија, Русија, Романија, Србија, Франција. Добитник е на повеќе државни и интернационални награди меѓу кои трета награда на натпреварот „Петар Коњовиќ” во Белград, втора награда на натпреварот „Корнелија Бронзети” во Романија и прва специјална награда на\nМеѓународниот натпревар „Охридски бисери”. Како солист настапува со Македонската филхармонија, Камерниот и Симфонискиот оркестар при ФМУ во Скопје на „Охридско лето”, „Хераклејски вечери“… Учествувал во реализација на неколку проекти со еминентниот виолинист Јован Колунџија, Националниот камерен оркестар од Тулуз и Симфонискиот оркестар на „Capitole”. Во неговите позначајни настапи може да се вбројат и настапите со светски познатиот пијанист Симон Трпчески, на концертната турнеја низ Македонија (2007- 2008), Велигденскиот концерт- Скопје (2008) како и настапот во седиштето на Обединетите Нации, по покана на претседателот Срѓан Керим. Климент Тодороски е солист на концертот со кој диригира светското чудо од дете диригентот Илич Ривас на фестивалот „Скопско лето“ во 2009. Соработува со композиторот Марјан Неќак и ги снима виолинските соло делници за неколку продукции на балети и театарски претстави во Загреб,  Марибор, Нови Сад и Скопје.\nКлимент Тодоровски работи како концерт-мајстор во Националната опера и балет од 2009 година.\n\n \nМарија Вршкова-пијано\nМарија Вршкова е родена во Битола, таму го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude, во класата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а нејзината најзначајна меѓународна награда е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим, Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствениот претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков,  во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во следните земји:  Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали кај нас, како „Охридско лето“, ДММ, „Златна лира“ и „Есенски музички свечености“. Како врв на нејзината уметничка дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири на Интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ во 2009 година, како и три награди „Виртуози“ за музички изведувач во 2013 година и две награди за камерен состав во 2015 и 2016 година. Во моментот Марија Вршкова работи како доцент при ФМУ- Скопје.\n\n \nПрограма:\n \nЕ. Григ:                                    Соната оп. 45 c-moll\n \n                                                Allegro molto ed asppasionato\n                                                Allegretto espressivo alla Romanza\n                                                Allegro animato\n \n \nН. Римски-Корсаков:               Шехерезада\n(арж Л.Баих/М. Флецбергер)\n          Морето и бродот на Синбад\n                                                Приказната за принцот Календер\n                                                Младиот принц и принцезата\n                                                Празник во Багдад\n                                                Море. Бродолом\n \nИ. Фролов:                     Концертна фантазија на теми од Гершвиновата „Порги и Бес“  оп. 19\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/kliment-todoroski-violina-marija-vrshkova-pijano-r-s-makedonija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kliment-i-marija-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
