BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-35bfa72d9899bf43087e4ea42e4a6423@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20240818T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20240818T210000
DTSTAMP:20240607T222145Z
CREATED:20240607
LAST-MODIFIED:20240711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Српска вечер; Љубица Вранеш – мецосопран; Драгољуб Бајиќ – бас; Наталија Мијаиловиќ – пијано
DESCRIPTION:Љубица Вранеш -мецосопран\nМецосопранот Љубица Вранеш, солистка на Народниот театар во Белград, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Радмила Бакочевиќ во чија класа и магистрира. Добитник е на прва награда како и награда за најдобра мецосопран на натпреварот „Никола Цвејиќ“ како и на прва награда на меѓународниот натпревар „Петар Коњовиќ“. Била член на оперското студио на Народниот театар со кое раководи проф. Никола Китановски,  и на оперското студио „Борислав Поповиќ“ кое го водат проф. Радмила Бакочевиќ и маестро Дејан Савиќ. Член е на оперскиот ансамбл во Народниот театар во Белград.  Во улогата на Фенена во Вердиевата опера „Набуко“ дебитира во операта во Темишвар, по што ѝ се отвораат вратите на сцените ширум Романија. Настапува во првата, историска изведба на рок-операта „Кармен“ во Крајова, а потоа и во продукциите на „Кармен“ во Темишвар, Букурешт, Тирана, Пловдив и др. Настапува во продукциите на оперите „Отело“, „Дон Карлос“, „Риголето“, „Набуко“, „Кавалерија Рустикана“, „Самсон и Далила“ и др.\n\n \nДрагољуб Бајиќ-бас\nДрагољуб Бајиќ пеење започнува да учи во музичкото училиште „Станковиќ“ во класата на проф. Љубица Живковиќ и набргу станува член на оперското студио на Народниот театар во Белград. Факултетот за музичка уметност на отсекот соло-пеење го завршува во класата на проф. Никола Мијаиловиќ во чија класа докторира во 2023 година, по што станува доцент на овој факултет. Освојува бројни награди во земјата и странство меѓу кои се издвојуваат трите први награди на натпреварите: „Војислав Вучковиќ“, „Петар Коњовиќ“ и „Лазар Јовановиќ“. Лауреат е на републичкиот натпревар за соло пејачи во 2003 година, а лауреат и добитник е на наградата за најдобра изведба на зададена композиција на Меѓународниот натпревар на музичката младина од Белград во 2008 година, како и на натпреварот „Елена Теодорини“ во Крајова. Во периодот 2006-2008 е стипендист на фондацијата „Музички театар“ од Виена како најперспективен глас од Балканот. Во 2009 година соработува со еден од најголемите диригенти на денешницата – Рикардо Мути со него настапува на неколку концерти во Салцбург, Равена и Фиренца, по што следува ангажман во Виенската „Штатс опера“ во сезоната 2009/10. Настапува во оперски куќи и концертни сали во Виена, Кан, Копенхаген,Темишвар, Сараево, Скопје, Дубаи, Сеул, Москва, а во моментот е постојан гостин на Националниот театар во  Букурешт. Солист е во операта на Народниот театар во Белград од 2004 година, а од 2017 година е првак на оваа опера на чија сцена успешно ги изведува носечките улоги во неговиот оперски фах.\n\nНаталија Мијаиловиќ-пијано\nНаталија Мијаиловиќ е родена во 2003 година во Белград, а музичкото образование го започнува на пет годишна возраст. Средното образование го завршува во музичкото училиште „Мокрањац“, а студент е на ФМУ во Белград во класата на проф. Маја Рајковиќ. Носителка е на бројни награди од државни и меѓународни натпревари меѓу кои и лауреат на натпреварот „Мокрањац“, прва награда на пијанистичките натпревари  „Славенски“ и „Петар Коњовиќ“ , а и награди од „Николај Рубинштајн“ во Париз и натпреварите „Open music competition” и „Constantine the great”. Учесник е на бројни фестивали, а посетува семинар за интерпретација на италијанска камерна музика и оперски репертоар во Торино. Ангажирана е од Белградската опера како корепетитор,  а настапува солистички на сцената „Раша Плаовиќ“ во Народниот театар, во белградски „Коларац“, во Рускиот дом, во „Гварнериус“, во Италијанскиот културен центар, во музејот на Народниот театар итн.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/lubicza-vranesh-meczosopran-dragolub-bajik-bas-natalija-mijailovik-pijano-srbija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ljubica-dragoljub-natalija-1-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
