BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-189ab34087ec3f70187a007859af892e@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250712T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250712T210000
DTSTAMP:20250423T120012Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250707
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Свечено отворање на Охридско лето 2025 „Трансформација на сетилата“
DESCRIPTION:Едвин Аутвотер – диригент  \nЕдвин Аутвотер е еден од диригентите кои ги крши стандардните рамки на концертните доживувања и како куратор, продуцент е познат по неговиот динамичен пристап и крос-овер проекти во кои успешно ги спојува различните музички жанрови.\nРаботи со различни високопрофилни уметници од бендот „Металика“, преку Винтон Марсалис, Рене Флеминг, Јо-Јо Ма, а неговата креативна визија и можност лесно да навигира во различни музички правци го прават „еден од најиновативните диригенти на денешницата“.\nАутвотер е шеф диригент на Музичкиот конзерваториум во Сан Франциско каде раководи со ансамблите и е дел од револуционерните уметнички проекти на оваа образовна институција. Од 2024 година е назначен за постојан гостин диригент на Концертниот оркестар на Би-би-си, а во периодот од 2007 до 2017 година е музички директор на Симфонискиот оркестар „Китченер-Вотерлу“.\nНеодамнешните настапи на овој диригент се со Њујоршката филхармонија, оркестрите во Кливленд, Чикаго и Филаделфија, како и со Кралската филхармонија во Лондон. Соработува со Дајана Рос, Бек, Треј Анастасио, Лесли Одом, Стинг, Ланг Ланг и др. Како советник на Националниот оркестар на САД за одбележувањето на 50-годишнината на Центарот „Кенеди“ ја дели сцената со Одра Мекдоналд, Кристијан Мекбрајд и Комон.\nДебитира на фестивалот „Би-би-си промс“ во 2022 година со Синтија Ериво, по што е редовен гостин на овој престижен музички настан. На меѓународната сцена настапува со оркестрите во Токио, Аделаида, Мексико и Брисел, како и со канадските оркестри во Торонто, Ванкувер, Калгари и др.\nОд 2021 година тој ги диригира настапите со Стјуарт Копланд и неговиот проект Полис со оркестар, кој досега е реализиран со оркестрите во Сан Диего, Кливленд и Јута. Исто така тој е еден од идејните творци на проектот „Колтрејн – оставина за оркестар“ кој премиерно се изведе во Торонто во 2024 година и ќе има свои репризи со Концертниот оркестар на Би-би-си и Симфонискиот оркестар во Бостон.\nНеговиот проект со Симфонискиот оркестар на Чикаго „Фантастична филхармонија“ се закитува со наградата „Греми“, а соработката со Кирк Хамет од „Металика“ на проектот „Портали“ само дополнително говори за неговата музичка љубопитност.\n\n\n\n \nКлер Хуангчи – пијано  \n Американската пијанистка Клер Хуангчи постојано ја одушевува публиката со нејзината „виртуозност, уметнички сензибилитет, чувство за интеракција и суптилна драматургија“ (Салцбуршки дневник). Нејзината постојана љубопитност за нов и невообичаен репертоар кој се протега од Бах и Скарлати преку германскиот и рускиот романтизам и делата на Ејми Бич и Барбер, само дополнително говорат за нејзиниот специфичен пристап кон музиката.\nЗа Хуангчи оваа сезона е полна со возбудливи проекти. По нејзиниот успешен албум со концертите на Моцарт со оркестарот „Моцартеум“ од Салцбург следи соработка со издавачката куќа „Алфа класикс“ за која ќе снима ЦД со американска музика насловено „MADE IN USA“.\nНејзините оркестарски ангажмани ќе ја носат повторно во Франкфурт и Порто, на Исланд, а ќе дебитира со симфониските оркестри во Базел, Хановер, Бремен, Бохум и Милвоки. Има остварено настапи во некои од најпрестижните концертни сали во светот како „Карнеги Хол“, сцените во Хамбург, Париз, Минхен, Франкфурт, како и во салите на Берлинската филхармонија, и концертните сали во Виена и Салцбург.\nНастапува на реномирани фестивали како што се оној во Луцерн и Рајнгау, Клавирскиот фестивал „Рур“, а од оркестрите со кои настапува како солист се издвојуваат: „Моцартеум“ од Салцбург, „Тонхале“ во Цирих, Минхенскиот камерен оркестар,  Камерниот оркестар во Базел, со диригентите како: Елим Чан, Михаел Франсис, Хауард Грифитс, Пиетари Инкинен, Јун Меркл, Корнелиус Мајстер, Сер Роџер Норингтон, Ева Оликаинен, Александар Шели и Марио Вензаго.\nКлер  е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со Гери Графман и Еленор Соколоф на Институтот „Куртис“, пред да се пресели во Хановер и да продолжи да студира со Ари Варди.\nНејзината кариера започнува да оди во нагорна линија откако освојува високи награди на натпреварите АРД во Минхен, на натпреварот „Геза Анда“ и гран-при на Академијата за свирење и диригирање во Париз.  Оттогаш често се јавува во двојна улога – како солист и диригент.\nТаа е амбасадор на издавачката куќа „Хенле“ и уметнички директор на серијата Камерни концерти во Ербах.\n \n \nНУ Филхармонија на РСМ \n Осум децении непрекинато музицирање. Осум децении љубов, страст, неверојатна енергија, уметничка сплотеност. Осумдесет години поминати во прекрасни патешествија заедно со брилијантни музички умови – илјадници солисти и диригенти кои со себе донесоа илјадници дела од славните музички мајстори, подарувајќи ни различни емоции, креации, хармонии, мелодии и ритми. Ова е првиот и единствениот симфониски оркестар во Република Северна Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена.\nВо последните декади особено, институцијата го подмлади оркестарот и со тоа внесе нов елан и ентузијазам и силна желба за работа. Денес, звукот е издигнат на високо квалитативно скалило, а својата програма редовно ја збогатува со комплексни и нови, современи дела, кои се предизвик и за светските симфониски оркестри. Инвентивниот и креативен репертоар е во баланс со традиционалните музички вредности и токму тоа ја привлекува публиката, особено новите генерации на слушатели.\nОркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да формираат симфониски оркестар, да го формираат првиот Државен оркестар, да ги стават темелите на една голема културна институција, прва од таков вид во ослободена Македонија. Создавањето на Филхармонија во едно такво време-невреме е всушност револуција во духовната смисла на зборот.\nОд тие скромни почетоци, па сè до денес, во  осумдецениското постоење, Филхармонија остварила незаборавни концертни мигови исполнувајќи широк репертоар од светската класична музичка литература, како и светски премиери од современите автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци.\n \n \nПрограма:\n \nЛ. Бернштајн: Симфониски танци од „Приказна од западната страна“\n \nЏ. Гершвин: Рапсодија во сино\n \nД. Имери: Пајдушко\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/svecheno-otvorane-na-ohridsko-leto-2025-transformaczija-na-setilata/
LOCATION:Антички театар Охрид
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/12.07-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
