BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-518d52eee664842ce523e2cce507315c@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250718T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250718T210000
DTSTAMP:20250423T120056Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250701
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Литванска вечер на музика и уметност; Пијано дуо: Рокас Зубовас и Соната Девејките – Зубовиене; Уметничка изложба: Репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис
DESCRIPTION:Литванска вечер на музика и уметност\nПијано дуо: Рокас Зубовас и Соната Девејките – Зубовиене\n Уметничка изложба: Репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис\n \nПијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под менторство на Повилас Стравинскас, Јургис Крнавичиус, Естер Јелин, Андриус Купервичиус, Едвард Ауер и Дмитри Паперно.\nДуото Зубовас има остварено настапи во „Палатата на нациите“ во Женева, во Кралската палата во Варшава, како и на меѓународни фестивали во Литванија, Норвешка, Франција, Италија, Германија, Холандија, Украина, на турнеја во Јужна Америка (Аргентина и Уругвај), во САД и Канада и низ Европа. Покрај стандардниот репертоар за две пијана, особен интерес на дуото се делата за четирирачно пијано оригинално напишани од Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Брамс, Регер, Дебиси, Равел, Форе, Рахмањинов, Кориглиано и други, како и транскрипции за пијано на симфониските опуси, како на пример „Посветување на пролетта“ од Стравински, Бранденбуршките концерти на Бах,  „Шпанската рапсодија“ на Равел, „Пролет“ и „Море“ од  Дебиси,   како и гудачкиот квартет од Чурилионис и неговата симфониска поема „Во шумата“, дела од Гершвин и др.  Дуото настапува со симфониски оркестри во Литванија и надвор од неа, а досега им се посветени бројни дела од литванските композитори.\n \n \nПрограма: \n \n \nМикалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911)\n \nЧетири литвански народни песни\n*адаптирани за соло пијано\n \nСимфониска поема „Во шумата“ (транскрипција за четирирачно пијано)\n \nВаријации Сефаa Есек\n \nСимфониска поема „Море“ (адаптација за четирирачно пијано)\n \n \nЧиурлионис, Музички слики\nИзложба на репродукции на дела од Микалојус Контантинас Чиурлионис (1875-1911)\n \n             Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911) е највлијателната уметничка фигура во Ливанија – композитор и сликар чие визионерство остава значајно наследство и покрај неговиот трагично краток живот. Неговите иновативни дела во кои се спојуваат музиката и визуелната уметност продолжуваат да инспирираат и да ја одушевуваат публиката насекаде низ светот. Чиурлионис има уникатно место во европската уметност и во историјата на музиката. Како пионер на симболизмот и модерната уметност, тој воведува нови мистични и космички теми кои се во контекст со модернистичкото движење во Европа. Во сферата на музиката тој ги проширува границите на хармонијата и традиционалната структура како еден вид предвесник на иновациите кои ќе следат во делата на композиторите од почетокот на 20 век. Токму спојот на визуелното и аудитивното доживување го прават да биде еден од водечките авангардни уметници на неговото време, значително поместувајќи ги границите на европската уметност. \n            Во 1902 година кога се запишал на уметничката школа „Каузик“ во Варшава на 27- годишна возраст, Чиурлионис веќе бил етаблиран композитор со дипломи од конзерваториумите во Варшава и Лајпциг. Неговиот композиторски опус до тогаш го сочинувале неколку крупни дела за симфониски оркестар, камерна музика, хорски дела, кантата за хор и оркестар, дела за соло пијано и други дела.   \n           Веќе неговите први слики кои датираат од 1903-1904 год. ја покажуваат тенденцијата на Чиурлионис  да ја збогатува визуелната експресија со музички елементи. Овие рани дела често имаат музички имиња (Погребна симфонија), или пак отсликуваат звучни пејсажи (Шумолењето на шумата), или пак имаат временска инстанца како циклусот „Ден“. Чиурлионис честопати размислувал како композитор додека сликал, на тој начин креирајќи симболични пејзажи кои се поврзани со звук и време. Во неговата слика „Вести“, треперливата свеќа и пеперутката во лет која ја набљудува фигурата во сенка – создаваат атмосфера на резонантна, прогонувачка неизвесност.\n            Во 1907 година Чиурлионис започнал со создавање циклуси кои се засноваат на структурата на соната во музиката.  Овие специфични циклуси на визуелизирана музика во целост ги интегрираат техниките на компонирање во јасен визуелен јазик. Секоја слика е насловена според ставовите во класичната соната (Allegro, Andante, Finale) и дава специфично чувство на „визуелно темпо“ и инкорпорира техники како развој на тема, тонален контраст, прогресија која одговара на развојните делови во сонатната форма – експозиција, развој и рекапитулација.  \n           Целта на оваа изложба е посетителите да ја истражат оваа неверојатна синтеза на звук и слика која Чиурилонис успешно ја постигнува и на тој начин создава неверојатно доживување во кое сликите „звучат“ како симфонии, а тишината говори во хармонија.\n  \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/rokas-zubovas-pijano-sonata-devejkite-zuboviene-pijano/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/duo-zubovas-foto-1-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
