BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-14d010488fdb86b7b84ad331943cbb35@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250723T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250723T210000
DTSTAMP:20250423T120050Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250718
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Премиера на театарската претстава „Амадеус“ од Петер Шафер
DESCRIPTION:Режисер: Андреј Цветановски\n \nНУ Турски театар Скопје\n \nТалентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека талентот е неоспорна константа имуна на абеж од времето. Генијалноста на еден човек во едно поле, не може да се сокрие, заради малиот број на универзално прифатени генијалци.\nВо полето на музиката, еден од малкуте кои го задолжиле човештвото со своите композиции и оставиле печат на своето време е Волфганг Амадеус Моцарт. Но не и признание од своите современици. Освен од еден. Антонио Салиери, неговиот вечен непријател, е единствениот човек кој ја препознава неговата генијалност. И заради таа генијалност, тој станува негов најголем непријател. Салиери, го носи проклетсвото да ја познава музиката толку добро да може да го препознае божественото во Моцарт, но никогаш да не создаде нешто толку совршено.\nТалентот и разумот  не се сврзани еден со друг и не се развиваат секогаш заедно и не треба да се бараат заедно. Во целиот обид на претставување на тоа е и нашата работа во оваа претстава и славење на талентот и разумот како два различни принципи. Борбата на овие две работи е вечна и универзална.\nАндреј Цветановски\n \nАндреј Цветановски е режисер од Македонија. Во неговото режисерско творештво најчесто се занимава со класичната светска драматургија, но и дела од македонски автори. Неговата режисерска визија е визуелна и со намера да создаде ново читање на класичните приказни.\nДипломира на Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њуjорк во 2010 година со претставата „Салиери“ по текстот „Амадеус“ од Питер Шефер. На истиот факултет магистрирал во 2018 година со претставата „Сон на летната ноќ“ и тезата на тема „Адаптација на други дела од Вилијам Шекспир во Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир. По дипломирањето, од 2010 година е ангажиран како демонстратор по предметите Театарска режија и Глума, а подоцна станува асистент на проф. Дејан Пројковски.\nОд 2013 до 2017 година беше уметнички директор на Театар Комедија. Во тој период од четири години, Театарот Комедија со својот разновиден репертоар се етаблира како најпосетуван театар во Македонија, а својата уметничка вредност ја потврди со учество и награди на повеќе национални и меѓународни фестивали.\nЦветановски во својот опус има 40-ина претстави, различни по жанр и естетика, но слични во идејата да се создаде ново читање на класиката и да се инсистира на визуелната компонента на претставата во целина. Неговите претстави учествуваат на фестивали и гостувања во Македонија, како и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Русија, каде што постигнуваат успех и признанија.\nОсвен работата во скоро сите македонски театри, тој многу често, во последните години, работи и во регионот, најчесто во Србија.\n \nУлоги:\nСелпин Ќерим\nЈеткин Сезаир\nСлаѓана Вујошевиќ\nАксел Мехмет\nЏенап Самет\nБурханедин Ибрахим\nЕмине Халил\nОзан Илдриз\nИгбал Саидова\n \nСценографија: Сергеј Светозарев\nКостими: Раде Василев\nАсистент на режија: Џабир Доко\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/premiera-na-teatarskata-pretstava-amadeus-od-peter-shafer/
LOCATION:Центар за култура „Григор Прличев“
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/img_3387-1.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
