BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-7048c496a6cf49699109089b743c2bf6@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250724T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250724T210000
DTSTAMP:20250423T120027Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250702
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Италијанска вечер – Филхармоника Болоња
DESCRIPTION:Филхармониски оркестар на театарот во Болоња \n \nФилхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во Италија од овој вид.\nУште од неговото основање, овој филхармониски оркестар внимателно ја одбира програмата која ја претставува во аудиториумот „Манцони“, па така тие прават серија оркестарски циклуси на кои го изведуваат симфонискиот опус на Сергеј Рахмањинов, Лудвиг ван Бетовен и Петар Илич Чајковски. Со оркестарот настапуваат звучни музички имиња како пијанистите: Иво Погорелиќ, Филип Ентремон, Александар Лонквих, Лилја Зилберштајн, Анџела Хјуит, Луи Лорти, Данил Трифонов, Александара Романовски, Александар Малофеев и Бенедето Лупо; виолинистите: Гидон Керемер, Сара Чанг, Јулиан Рахлин, Сергеј Крилов, Баиба Скриде, Ана Тифу и Марк Бучков; челистите: Миша Мајски, Давид Герингас и Киан Солтани, под диригентските палки на сер Невил Маринер, Герд Албрехт, Михаил Плетњов, Александер Ведерников, Габор Такач-Наги, Пол Гудвин, Азиз Шохахимов и Микеле Мариоти.  Од 2014 до 2019 година оркестарот секоја година остварува турнеи во Јапонија настапувајќи во Токискиот „Сантори Хол“ и „Орчард хол“.\nОд 2022 година шеф диригент на оркестарот е Роберто Абадо, и од тогаш започнува ново и значајно поглавје за овој оркестар.  Меѓу другото, оркестарот настапува на престижниот фестивал „Жорж Енеску“ во Букурешт, како и на Фестивалот „Амиата“ во Италија.\nПокрај редовните концерти, оркестарот особено внимание посветува на камерната музика, настапувајќи во палатата „Капрара Монпенсиер“, и настојува преку соработка со општинските власти на Болоња да ја шири музиката и надвор од централните градски подрачја.\nСнимките кои досега ги остварува Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња издадени од престижниот „Дојче Грамофон“ се високо оценети од стручната критика и му ја носат на оркестарот наградата „ЕХО“ за најдобри изданија во категоријата класична музика во 2009 и 2013 година.\n \nДавиде Алоња – виолина \n \nДавиде Алоња е еклектичен музичар со широко интернационално образование. Дипломира виолина и пијано со високи оценки на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо, а магистрира виолина и камерна музика на Парискиот конзерваториум со едногласна највисока оценка. Студира и композиција на Академијата „Чигиана“ во Сиена во класата на Џулијано Кармињола кој го опишува како “неверојатен талент“.\nДавиде веќе има настапувано во бројни концертни сали низ светот како: аудиториумот „Стерн“ во Карнеги Хол, во Миланската „Скала“, во салата на Берлинската филхармонија, во „Сантори Хол“ во Токио, во салата „Сметана“ во Прага, во Големиот театар во Шангај, салата „Корто“ во Париз, во салите „Гастајг“ и „Херкулес сал“ во Германија, во Белес артес во Мексико, во салата „Махидол“ во Бангкок, во операта во Каиро и во аудиториумот „Верди“ во Милано. Како солист настапувал со некои од најпознатите светски оркестри како: Лондонскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на „Ла Скала“, Симфонискиот оркестар во Милано, Филхармонијата „Тосканини“,  оркестарот на театарот во Болоња, Државниот оркестар во Истанбул, симфониските оркестри во Каиро, Адана и Мексико и многу други.  Неговите носачи на звук се многубројни, а снимени се, меѓу другите, за издавачките куќи „Ворнер класикс“, „Наксос“, „Брилијант класикс“ и др.\nДавиде Алоња е еден од најпосветените музичари на италијанската музика на 20 век, проучувајќи, изведувајќи или снимајќи дела кои ѝ се делумно непознати на музичката јавност. Така во 2018 година за „Наксос“ снима ЦД со три светски премиери на дела од Марио Кастелнуово Тедеско, а во 2021 година истата издавачка куќа го издава дискот со виолинскиот концерт на Оторино Респиги во придружба на Њујоршкиот камерен оркестар. Алоња го иницира и реализира „Проектот Роде“ во кој за време на пандемијата на Ковид19 заедно со негови колеги, познати виолинисти, ги снимаат и дигитално ги дистрибуираат 24 Каприси на композиторот Пјер Роде со цел да им помогнат на студентите по виолина од целиот свет.\nНеодамна сними ЦД со дела за виолина и оркестар придружуван од Лондонскиот симфониски оркестар, а од 2023 година е резидентен солист на камерниот оркестар „Музичари на Скала“ (I musici della Scala) во Милано.  Алоња предава виолина на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо.\nСвири на инструмент изработен од Антонио Страдивари во Кремона во 1690 година, кој му е позајмен од Флоријан Леонхард, како и на виолина изработена од Анселмо Готи во 1930 година.\n \n \nПрограма: \n \n \nОторино Респиги:                  Стари танци и арии Свита бр. 3\n \nАнтонио Вивалди:                 Лето од „Годишните времиња“\n \nАнтонио Базини:                   Фантазија на мотиви од операта „Травијата“\n \nПјетро Маскањи:                   Интермецо од операта „Кавалерија рустикана“\n \nАстор Пјацола:                       „Зима во Буенос Аирес“\n \nНино Рота:                              Концерт за гудачки оркестар\n \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/filharmonika-bolona-italija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/italijanska-vecer-2.jpeg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
