BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-8cacb05141a62321548b0689ad4579a8@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250804T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250804T210000
DTSTAMP:20250422T120010Z
CREATED:20250422
LAST-MODIFIED:20250605
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Роденден на НУ „Охридско лето“
DESCRIPTION:Ана Дурловски – сопран \nМакедонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, по што ѝ се отвораат и вратите на оперите во Србија, Босна, Хрватска и Албанија.\nВо 2006 година Ана дебитира во Виенската државна опера како Кралица на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога која ја повторува и во Баварската државна опера, Берлинската опера и Германската опера во Берлин.\nОд 2006 до 2011 година Дурловски е член на оперскиот ансамбл на операта во Мајнц каде ги пее улогите на Лучија („Лучија ди Ламермур“), Софи („Кавалер со роза“), Музета („Боеми“) и Манон („Манон“). По овој ангажман, Дурловски станува еден од солистите ангажирани во Државната опера во Штутгарт каде нејзината интерпретација на главната улога во „Месечарка“ ѝ ја носи наградата „Фауст“ за најдобра женска улога доделена од германската стручна критика,  а списанието „Опернвелт“ ја прогласува за „откритие на годината“.  Во Штутгарт ги исполнува и улогите на Моргана („Алчина“), Фоли („Плате“), сестра Констанцa („Дијалози на камрелиќанките“), Цербинета („Ариадне“), Виолета („Травијата“), Олимпија („Хофманови приказни“), Елвира („Пуритани“), Норина („Дон Пасквале“).\nВо Мадрид настапува како Розина во „Севилскиот берберин“, а е Кралица на ноќта и Олимпија. Во 2014 год.  дебитира во њујоршката опера „Метрополитен“ како Кралица на ноќта, улога која ја одбележува нејзината кариера со која настапува и со Берлинската филхармонија на Фестивалот во Баден-Баден под диригентската палка на Сер Сајмон Ратл, како и во Мадрид, Берлин и на Фестивалот во Брегенц.  Во Дрезден ја исполнува улогата на Џилда во „Риголето“,  а на престижниот фестивал во Бајројт ја изведува улогата на Валдвогел во „Зигфрид“ во 2016 и 2017 година.  Други проекти ги вклучуваат Лучија ди Ламермур во Грац и Хамбург, ја пее главната улога во „Алчина“ во Стразбур и Дармштад и е Маргарита во „Хугеноти“ во Манхајм, како и Дона Ана во Театарот во Билефелд.\nНејзината успешна кариера ѝ носи соработки со познатите светски диригенти и солисти како Сер Сајмон Ратл, Јонас Кауфман, Адам Фишер, Прити Јенде, Рејчел Вилис-Соренсен и др. Активна на концертната сцена, Дурловски настапува со Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар во Шангај, Оркестарот на Минхенското радио, Филхармонијата во Штутгарт и др.\n\n \nАнахит Тер-Татшатјан – пијано\nАнахит Тер-Татшатјан има кариера како солист пијанист, камерен музичар и репетитор во меѓународно признати оперски куќи, како и во камерни ансамбли повеќе од две децении.  Меѓу останатите таа е репетитор во Грчката национална опера и балет во Атина каде е и официјален корепетитор на Меѓународниот натпревар за соло пејачи „Гран При Марија Калас“ од 2001 година.  Покрај тоа, таа е пијанист на интернационалните мајсторски курсеви предводени од Гена Димитрова, Шерил Студер, Курт Еквилуц, Нели Мирициоу и Костас Паскалис.\nКонцертните ангажмани ја водат на сцените низ Европа каде настапува во Швајцарија, Русија, Грција, Италија, Полска и Романија.\nОд 2010 година таа е вработена како корепетитор за вокална музика на Универзитетот во Вурцбург, а од сезоната 2012/2013 е и соло репетитор со дел одговорности во областа на диригирањето во Театарот во Билефелд, а настапува и како солист со Филхармонискиот оркестар на овој град.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/rodenden-na-nu-ohridsko-leto/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/ana-i-anahit-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
