BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-039d87b2e37052561a07a6066a88582e@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250805T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250805T210000
DTSTAMP:20250423T120005Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250801
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Театарска претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“
DESCRIPTION:Принцезата Ксенија од Црна Гора\nАдаптација и режија: Радмила Војводиќ\nЦрногорски народен театар, Подгорица, Црна Гора\n \nПретставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а ние, кои се занимаваме со театарот, исто така разбираме дека ја сакаме минливоста и неповторливоста на тој чин… Се навраќам на тоа барајќи одговор на прашањето зошто напишав еден вид пролог и епилог, т.е. дали беше потребно да се привлече вниманието кон надворешното оцрнување и неуметничкото во сеќавањето на поранешната изведба на „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ – за поранешниот општествен контекст, и за овој сегашен, од кој се враќаме на истата тема, играјќи го истото дело?!\nВсушност, го знам одговорот само до одреден степен, но еве го: сфаќам дека заборавеноста и меморијата поедноставуваат и искривуваат многу факти со кои се справувам, не само со она што е расфрлано историографски туку и со она што се случи дури вчера, па затоа имам потреба да го проверам тоа знаење… да го потврдам… да го споделам…\nГласовите на мигрантите, ги има многу од кога постои светот и векот, од почетокот на светот до… луѓе иселени доселени, во потрага на подобар живот и подобар свет… Шепотат дење и ноќе, огласувајќи ја и најинтимната историја… Но, тука, во оваа претстава – тие се над сите други, но тука е и гласот на самодоверливата и моќна жена, но и жена губитник. Гласот на нем мал народ и мала култура за која се закотвил животот. Таа зборува со мачниот глас на внатрешен егзил и истура болка преку рабовите на историските факти, од нејзината до нашата ера.\nТоа е монолог од далечината и дијалог на нашето заробеништво.\nРадмила Војводиќ\n \nРадмила Војводиќ е театарска режисерка, драмска писателка и универзитетски професор родена 1961 год. во Бар. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во 1985 година. Автор е на повеќе драмски текстови. Режирала текстови од класичната и современата драматургија и авторски театарски адаптации во белградските театри „Ателје 212“, ЈДП, Белградски драмски театар и Студентскиот културен центар; Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Српскиот народен театар во Нови Сад, Црногорскиот народен театар во Подгорица, Кралскиот театар во Цетиње, како и на многу други места и фестивали.\nНејзините претстави се едни од најгледаните и најнаградуваните на голем број фестивали. Основач е и уредник на списанието за театар и култура „Гест“.\nДобитничка е на голем број театарски награди и општествени награди.\n \nУлоги:\nПринцезата Ксенија во осумдесеттата година – Варја Џукиќ\nПринцезата Ксенија од 36 до 40-тата година – Ана Вучковиќ\nВукмановиќ – Дејан Иваниќ\nКралот Никола  – Изудин Бајровиќ\nКралицата Милена –  Горана Драгашевиќ\nПрестолонаследникот Данило – Александар Радуловиќ\nПринцезата Вера – Јелена Лабан\nИлија Бјелош – Слободан Маруновиќ\nМинистерот Шоќ – Душан Ковачевиќ\nМајор Клоз – Лазар Ѓурѓевиќ\nМадам –  Нада Вукчевиќ – Ана Вујошевиќ\n \nДраматург: Божо Копривица\n \nСценографија: Марија Калабиќ\nКостимограф: Борис Чакширан\n   \n \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-princzezata-ksenija-od-czrna-gora/
LOCATION:Центар за култура „Григор Прличев“
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/princeza-ksenija-01-25-64-1.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
