BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-99a03297cd334305eeb21e19bf0ad056@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250806T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250806T210000
DTSTAMP:20250423T120004Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250703
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Кинеска вечер – Јуе Гуангхуи-флејта; Ванг Веи-флејта; Аи Ву-мецо сопран; Хоу Јуан-пијано
DESCRIPTION:Јуе Гуангхуи – флејта   \nЈуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување на инструментот флејта. Во моментот сè уште е ученичка во Гимназијата за талентирани ученици при програмата на Музичкиот конзерваториум во Шангај во класата на проф. Парк Ми-Хјанг.\nВо 2019 година таа поминува одреден период во Франција каде се усовршува со Винсент Лукас, Мишел Морагес и со јапонскиот мајстор Казунори Сео.\nВо 2021 година постигнува огромни успеси на меѓународен план, победувајќи на Швајцарскиот меѓународен натпревар за млади музичари, ја понесува втората награда на Унгарскиот натпревар за млади, а победува во нејзината категорија и на Меѓународниот натпревар за млади музичари во Франција.\n\n \nВеи Ванг – флејта  \nВеи Ванг дипломира на одделот за флејта на Централниот музички конзерваториум во Пекинг. Во 2000 година се закитува со прва награда на Националниот кинески натпревар за флејтисти и потоа станува член на Кинескиот национален симфониски оркестар. Во 2002 година заминува во Франција каде ги продолжува студиите и во 2005 година победува  на натпреварот „Париз Белан“, а следната година со прва награда се здобива и на Меѓународниот натпревар во Бенидорм, Шпанија.\nКако солист Веи Ванг е поканет да настапи во салата на УНЕСКО во Париз, а од 2013 до 2025 година редовно настапува на Мултикултурниот фестивал на УНЕСКО.  Во 2014 година на прославата на 50-годишнината од дипломатските односи помеѓу Кина и Франција е поканет да настапи заедно со францускиот флејтист Максенс Ларио. Настапува на азиската вечер во рамките на Канскиот филмски фестивал, а во периодот од 2016 до 2025 година редовно настапува како солист на Интернационалниот фестивал за харфа заедно со францускиот флејтист Филип Бернол и харфистот Беноа Вери. Во 2019 година е член на жири-комисијата на првиот Меѓународен натпревар за флејтисти. Во 2023 год. тој е вклучен како композитор и солист на прославата на 35-годишнината на проектот „Патот на свилата“ на УНЕСКО, а е и уметнички директор на кинеската програма.\nЧесто е гостин предавач на конзерваториумите и универзитетите во Кина, меѓу кои Централниот конзерваториум, како и оние во Шингаи и Шанжи.\nОд 2019 година е професор на Академијата „Рахмањинов“ во Париз, а одржува и бројни мајсторски курсеви по флејта.\n\n \nАи Ву – мецосопран  \nАи Ву е лирска мецосопранистка која живее и работи во Франција. Дипломира и магистрира на Шангајскиот конзерваториум, а потоа со највисоки оценки се здобива со висока диплома од Високата школа за музика на Парискиот конзерваториум каде студира во класата на проф. Изабел Грасизанц.\nДобитничка е на бројни меѓународни награди и признанија кои ги вклучуваат првата награда на Интернационалниот натпревар за пејачи во Париз, Францускиот натпревар за барокна вокална музика, натпреварот во Безие, како и на Натпреварот за француска уметничка соло вокална музика.\nШирокиот репертоар на оваа артистка се протега од барокниот период, па сè до оперите на  Моцарт, Росини и Штраус. Настапувала во оперите во Марсеј, Авињон, Тулон, Ница, Сан-Етјен, Лион, како и во театарот во Кан. Во 2010 година Аи Ву е поканета  да настапи на фестивалот во Клермон-Феран каде тогашниот француски претседател ѝ доделува трофеј за нејзините уметнички достигнувања.  Следната година ја толкува улогата на Сузуки во „Мадам Батерфлај“ на турнеја низ Франција со Парискиот симфониски оркестар, продукција за која добива одлични критики за нејзиното емотивно толкување на улогата.\nВо последните години Аи Ву се посветува на делата од барокниот репертоар, често настапувајќи со ансамблот „Матеус“. Заедно со Жан-Марк Гужон го основаат камерниот ансамбл „Лили“. Забележителни се и нејзините соработки со светски познатиот диригент Мухаи Танг со кој настапува на повеќе сцени во Кина. Во 2024 година настапува со францускиот ансамбл „Епик барок“ на уметничкиот фестивал во Шангај, а потоа и на кинеската турнеја како дел на која се одржуваат бројни мајсторски курсеви на повеќе конзерваториуми и универзитети низ Кина.  Посветена на педагошката работа, Аи Ву е професор на Конзерваториумот во Брест, Франција, често е гостин предавач на неколку кинески универзитети и е почесен професор на Универзитетот за уметности во Гуанжи.  Забележителна е нејзината работа за продлабочување на културните врски помеѓу Франција и Кина. Дејствува како претседател на Француското здружение за меѓународна културна размена и го организира Меѓународниот натпревар за пијанисти во Брест.\n\n \nХоу Јуан – пијано  \nХоу Јуан започнува да учи пијано во 1986 година најпрво со Џиа-Ронг Тиан, а потоа со Јиминг Пан. Од 1990 до 1996 година учи во Гимназијата за талентирани ученици при Централниот музички конзерваториум под менторство на Шининг Жанг. Во 2002 година заминува во Франција, каде студира со француските пијанисти и педагози Франсоа Буфе и Винсен Кок. Во 2004 година победува на натпреварот за пијанисти во Париз, а во 2008 година ја дели првата награда на Натпреварот за камерна музика „Леополд Белан“.  Како камерен музичар, Хоу Јуан е поканета да настапува на Фестивалот за уметности на УНЕСКО, во 2015 година настапува на Филмскиот фестивал во Кан, на фестивалот „Бели ноќи“ во Париз, како и на 35-годишнината од проектот на УНЕСКO „Патот на свилата“ во 2023 година.\n\n \nПрограма:\n \nГабриел Форе:                                   „На брегот“\n \nМорис Равел:                                     Магичната флејта\n \nВокализа\n \nКамиј Сен-Санс:                                Карневал на животните -Volière (Птици)\n \nФилип Гобер:                                     Ноктурно и Алегро скерцандо\n \nКлод Дебиси:                                     Месечева светлина\n \nМандолина\n \nЖорж Енеску:                                     Кантабиле и Престо\n \nФрансоа Доплер:                               Анданте и Рондо оп. 25\n \nЖорж Бизе/Ф. Борне:                       Брилијантна фантазија од „Кармен“\n \n \n-пауза-\n \n \nВенченг Лу:                                        Есенска месечина над мирното езеро\n \nЖонгронг Луо:                                   Три есенски песни\n \nЈонџин Ванг:                                      Фантазија Жуанг-џин\n \nГе Тиан:                                              Ноќ во степата\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/kineska-vecher/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/kina-1-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
