BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-1facae6326242d7a0a2139b08546ec58@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20250817T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20250817T210000
DTSTAMP:20250423T120017Z
CREATED:20250423
LAST-MODIFIED:20250814
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Премиера на театарската претстава Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или  Туѓото го сакаме, своето не го даваме
DESCRIPTION:од Душан Јовановиќ\nРежисер: Иван Пеновиќ\n \nКопродукциски проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ од Будва.\nРежисерот Иван Пеновиќ најавувајќи ја претставата вели: „Комедијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ на прв поглед донекаде се издвојува од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, одржувајќи ја формата на комедијата сосема верно. Текстот е напишан во 1972 година и за прв пат е поставен во Градскиот театар во Љубљана една година подоцна. Напишан е во духот на сексуалната револуција и „пролетта `68“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела, таканаречениот лудизам е специфичен одговор на „тешките“ теми обработувани од повоената генерација. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на какво било трагање по значењето, барање одговори или решенија за човековите егзистенцијални тешкотии. Тој претпочита да ги прифаќа работите онакви какви што се и наместо да бара излез од неволјата, дозволува настаните да се одвиваат преку опуштена игра. Сето ова важи и за „плејбоите“. Тој е виор на жива еротика, младост и невоздржана, никогаш незаситена страст. Меѓутоа, меѓу редови, може да се насетат и празнината, суетата и егоизмот на општеството кое постојано брка задоволство. Денес, половина век по `68-та, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, на кои им се придружува потрагата по пари и егзистенцијалниот страв“.\nВо биографијата на еден од најпрогресивните уметници во поранешната држава, Душан Јовановиќ (1939-2020), пишува дека повеќе од пет децении придонесувал за словенечкиот и поширокиот регионален театар како драматург, режисер и есеист.\nВо раните години тој се здобил со репутација на страшен анфан, а по 1970 година неговиот креативен пат почна вертикално да се искачува. Како интегрален автор на широк опус, тој претставува клучен авторитет во обновувањето на современиот драмски и сценски јазик.\nРежирал повеќе од деведесет текстови, од кои дел сопствени, а дел од домашни и странски автори. Добитник е на бројни награди за својата работа, меѓу кои седум Борштникови награди за режија и четири за најдобра сeвкупна продукција, наградата од фондацијата Прешерн и Гранд Прешернова награда за креативен опус.\nИван Пеновиќ (1992) е млад хрватски драматург и режисер, кој со својот интегрален и ангажиран пристап веќе се рангира меѓу највозбудливите автори во регионот.\nОд 2012 до 2016 година учествува како драматург во бројни претстави во повеќе хрватски театри. Од 2014 година редовно режира свои текстови.\nПресвртница во неговата кариера беше наградената претстава „Знаеш кој сум јас“, во продукција на ХНК Загреб. Сите негови проекти го сретнаа ентузијазмот на стручната и пошироката јавност, а беа претставени на реномирани фестивали во земјата и странство. Иван Пеновиќ е директор на ХНК Сплит.\nПретставата ќе биде посветена на петгодишнината од смртта на авторот Душан Јовановиќ.\nУлоги: \nМарјан Наумов\nЈована Спасиќ\nЛазар Христов\nМарко Гверо\nВукашин Јовановиќ\nСоња Стамболџиоска\nНејц Језерник\nЈулита Кропец\nЛазар Николиќ\n \nСценографија: Лазе Трипков\nКостимографија: Александар Ношпал\nСценски движења: Дамир Клемениќ\nКомпозитор: Владимир Пејковиќ\nДраматург: Иван Пеновиќ\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/premiera-na-tratarskata-pretstava-ruta-vo-produkczija-na-dramski-teatar-makedonija/
LOCATION:Центар за култура „Григор Прличев“
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/zivotot-na-provinciskite-pleboi-poster-za-katalog-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
