BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-0b80ddc95bcf9132d2493436a223ca96@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260712T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260712T210000
DTSTAMP:20260424T103047Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260609
PRIORITY:5
SEQUENCE:2
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Свечено отворање на Охридско лето 2026 „Љубов“ – гала концерт
DESCRIPTION:ЕРМОНЕЛА ЈАХО – сопран \nЕрмонела Јахо важи за една од најзначајните оперски артисти на денешницата со кариера која се протега на сите континенти и во сите престижни оперски куќи во светот. Неодамна ѝ беше доделен орденот „Витез на уметноста“ за особен придонес во уметноста и културата во Франција, беше избрана за „Уметник на годината“ за 2023 година на Интернационалните награди за класична музика,  Најдобар женски вокал на Оперските награди во Германија за 2024 година, и за најдобар странски артист на Оперските награди во Шпанија во 2024 година. Нејзините дискографски изданија исто така се повеќекратно наградувани во категориите за опера и за вокална музика. Јахо е амбасадор на Опера „Рара“ и на Опера за мир, а таа е и член на Академијата за науките и уметностите на Албанија.\nЕрмонела Јахо ги толкува главните женски улоги во оперите: „Травијата“, „Мадам Батерфлај“, „Адријана Лекуврер“, „Суор Анџелика“,  „Таис“, „Луиза Милер“ и др.  на сцените на Кралската опера во Лондон, „Метрополитен“ во Њујорк, во Државната опера во Берлин, театарот „Лисеу“ во Барселона, „Ла Скала“ во Милано, Виенската државна опера, оперите во Париз, Мадрид, Буенос Аирес, Минхен, Цирих, во „Арена ди Верона“ и др.\nЕрмонела Јахо е родена во Албанија и студирала на Конзерваториумот во Тирана и на Академијата „Санта Чечилија“ во Рим. По завршувањето на студиите победува на повеќе натпревари, а со тоа се отвораат вратите на нејзината интернационална кариера. Нејзиниот репертоар се протега од  барок, па сè до бел канто и веризмо, а нејзините настапи ги одбележува исклучителна драмска идентификација со ликовите кои ги претставува на сцената, нешто што особено го истакнува стручната музичка критика.\nОваа сезона Ермонела Јахо се враќа на сцената на Кралската опера „Ковент Гарден“ во Лондон како Виолета во „Травијата“, а истата улога ќе ја повтори и во „Метрополитен“ во Њујорк, настапува во театрите во Мадрид, Виена и Рим, посветена е на нов дискографски проект со Симфонискиот оркестар на Би-би-си, а ќе биде издаден и новиот албум со француски и италијански песни од Гаетано Доницети снимен за „Опера Рара“.\n\n \nЧарлс Кастроново – тенор\nСметан за еден од најдобрите лирски тенори на интернационалната сцена, Чарлс Кастроново настапува на водечките светски оперски сцени како: Кралската опера во Лондон, Националната опера во Париз, државните опери во Берлин и Виена, во Театро Реал во Мадрид, во Дојче опер во Берлин, во државната опера во Минхен, на сцената на Фестивалската опера во Салцбург и др.\nКастроново е роден во Њујорк и оперската кариера ја започнува на сцената на операта во Лос Анџелес, за потоа да биде поканет да стане еден од младите уметници кои се дел од Програмата за млади артисти „Линдеман“ при операта „Метрополитен“ во Њујорк.\nЕсента во 1999 година дебитира на сцената на оваа престижна оперска куќа во улогата на Бепе во премиерата на операта „Палјачи“ наспроти Пласидо Доминго. Покажувајќи уметничка посветеност и висок степен на интерпретација, тој го гради својот репертоар низ улогите на: Алфред Жермон во „Травијата“, Отавио во „Дон Џовани“, Родолфо во „Боеми“, Ромео во „Ромео и Јулија“, Де Грие во „Манон“, Руџеро во „Ла Рондине“, Пинкертон во „Мадам Батерфлај“, Родолфо во „Луиза Милер“ и др.  Во последните неколку сезони во репертоарот ги додава и сложените „спинто“ тенорски ролји како: насловните улоги во „Ернани“ и „Дон Карло“, Маурицио во „Адријана Лекуврер“, Габриеле Адорно во „Симон Боканегра“, Рикардо во „Бал под маски“ и Џејсон во „Медеја“ и Марио Каварадоси во „Тоска“.\n\n \nМарко Боеми – диригент \nДиригентот и пијанист Марко Боеми е носител и на диплома по право од Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим. Неговата кариера која се протега повеќе од 35 години ја одбележуваат соработки со најголемите оперски ѕвезди како: Доминго, Павароти, Карерас, Нетребко, Брусон, Бечала, Тадеи, Ребека, Обрасцова, Бородина, Абдрзаков, Груберова, Григоло, Тезиер, Тетелман, Деси, Сабатини, Ричарели, Воле, Вилазон и многу други, а настапува на некои од најзначајните италијански и меѓународни сцени како: „Ла Скала“ во Милано и „Сан Карло“ во Неапол, во Римската опера и во повеќето оперски куќи и со симфониските оркестри во Италија, во Виенскиот „Концертхаус“, во салата „Шостакович“ во Санкт Петербург, во Ројал Фестивал Хол во Лондон, во Кралската опера во Мускат,  во Центарот за уметности во Сеул, во Берлинскиот „Концертхаус“, во „Сантори хол“ во Токио, Концертгебау во Амстердам, Вигмор Хол во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, театарот „Вјелки“ во Варшава, во Аудиториумот во Сарагоса, во Гранд театарот во Шангај, во операта во Будимпешта, во „Мегарон“ во Атина, на Фестивалот во Љубљана, со симфониските оркестри во Ерусалим и Тајпеј, со оркестарот на Театарот „Бољшој“, Финската опера во Хелсинки, операта „Хеликон“ во Москва и во центарот „Галина Вишњевскаја“.\nНеговиот широк оперски и симофонски репертоар се наоѓа и на дискографските и видеоизданијата на издавачките куќи Филипс, Дека, Универзал и ТДК, на кои соработува со бројни признати вокални уметници. Особено негова љубов се т.н. „лид“ или циклуси на песни, а посветен е и на пренесување на знаењата на помладите диригенти, пијанисти и вокални уметници преку бројни мајсторски курсеви и семинари.\nВо последните неколку сезони се издвојуваат неговите настапи на: гала-концертот на Ана Нетребко по повод нејзиниот 50-ти роденден во московскиот „Кремлин“ на кој како гости настапија Доминго, Вилазон, Воле, Салси, Абдразаков, турнејата во Јапонија со Пласидо Доминго, концертите со Виторио Григоло во Токио, Ријад, Москва и Равело, новите продукции на „Отело“ и „Боеми“ во Тајпеј, гала-концертот „Омаж на Павароти“ со Доминго и Карерас во Токио, концертите со Ана Нетребко и Јусуф Ејвазов во виенскиот „Концертхаус“ и во Линц, , новата продукција на „Мадам Батерфлај“ во операта „Хеликон“ во Москва, како и „Риголето“ во центарот „Г. Вишњевскаја“, новото ЦД со Марина Ребека и др.\nИдните ангажмани го носат во Азија на гала-концерти со Пласидо Доминго во Токио и Осака, како и на семинари во Шангај и Шенжен, турнеја низ Кина со Доминго, концерти со Пјотр Бечала во Виена и во Линц, концерти со Ана Нетребко и Виторио Григоло и продукција на „Адријана Лекуврер“ во НОБ во Скопје.\n\n \nНационална опера и балет – С. Македонија\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/svecheno-otvorane-na-ohridsko-leto-2026-opera-gala-konczert-nasloven-lubov/
LOCATION:Антички театар Охрид
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/12.07-1-scaled-e1776844577303.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
