BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.34.2//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-3dc91c9313038ce8c97966f7f4194aac@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260718T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260718T210000
DTSTAMP:20260424T103054Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260708
PRIORITY:5
SEQUENCE:11
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Ана и Игор Дурловски со Оркестар Ајга (С. Македонија)
DESCRIPTION:Игор Дурловски – бас \nДурловски е роден во 1977 година во Битола, Македонија. Дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и балет во 1999 година и има учествувано во петнаесетина нови продукции.\nНеговата интернационална кариера започнува во 2001 година во Виенската камерна опера како Нонакоур во операта „Флорентинската сламена шапка“, а потоа следуваат улогите на Плуто во „Танцот на неблагодарните души“од Монтеверди, како и Плутоне во „Евридиче“.\nВо сезоните 2009/2011 настапува во Државниот театар во Касел во Германија каде остварува десет нови продукции.\nВо 2013 година дебитира во Операта во Лајпциг во Вагнеровата опера „Самовили“ која доживува своја реприза на престижниот фестивал во Бајројт.\nВо 2014 година дебитира во Театарот во Линц во Австрија со улогата на Зарастро, а следната година и во Државниот театар во Штутгарт.\nВо 2016 година ја толкува улогата на Тимур во „Турандот“ во Макао (Кина), а следната година е дел од продукцијата на операта „Аида“ во Хонг Конг.\nНастапувал со филхармониските оркестри во Белград и во Москва, како и со Македонската филхармонија. Има настапувано во дваесетина држави на повеќе континенти.\n\n \nАна Дурловски – сопран \nМакедонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, по што ѝ се отвораат и вратите на оперите во Србија, Босна, Хрватска и во Албанија.\nВо 2006 година таа дебитира во Виенската државна опера како Кралица на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога која ја повторува и во Баварската државна опера, во Берлинската опера и во Германската опера во Берлин.\nОд 2006 до 2011 година Дурловски е член на оперскиот ансамбл на Операта во Мајнц каде ги пее улогите на Лучија („Лучија ди Ламермур“), Софи („Кавалер со роза“), Музета („Боеми“) и Манон („Манон“). По овој ангажман, Дурловски станува еден од солистите ангажирани во Државната опера во Штутгарт, каде нејзината интерпретација на главната улога во „Месечарка“ ѝ ја носи наградата „Фауст“ за најдобра женска улога доделена од германската стручна критика, а списанието „Опернвелт“ ја прогласува за „откритие на годината“.  Во Штутгарт ги исполнува и улогите на Моргана („Алчина“), Фоли („Плате“), Сестра Констанцa („Дијалози на камрелиќанките“), Цербинета („Ариадне“), Виолета („Травијата“), Олимпија („Хофманови приказни“), Елвира („Пуритани“) и Норина („Дон Пасквале“).\nВо Мадрид настапува како Розина во „Севилскиот берберин“, а е Кралица на ноќта и Олимпија. Во 2014 година дебитира во њујоршката „Метрополитен“ како Кралица на ноќта, улога која ја одбележува нејзината кариера со која настапува и со Берлинската филхармонија на Фестивалот во Баден-Баден под диригентската палка на сер Сајмон Ратл, како и во Мадрид, во Берлин и на Фестивалот во Брегенц.\nВо Дрезден ја исполнува улогата на Џилда во „Риголето“, а на престижниот фестивал во Бајројт ја изведува улогата на Валдвогел во „Зигфрид“ во 2016 и 2017 година.\nДруги проекти ги вклучуваат Лучија ди Ламермур во Грац и во Хамбург, ја пее главната улога во „Алчина“ во Стразбур и во Дармштад и е Маргарита во „Хугеноти“ во Манхајм, како и Дона Ана во Театарот во Билефилд.  Добитничка е и на признанија од списанието „Opernglas“ за улогите на Амина и Фоли.\nНејзината успешна кариера ѝ носи соработки со светски познати диригенти и солисти како: сер Сајмон Ратл, Јонас Кауфман, Адам Фишер, Прити Јенде, Рејчел Вилис-Соренсен и др. Активна на концертната сцена, Дурловски настапува со Берлинската филхармонија, со Симфонискиот оркестар во Шангај, со Оркестарот на Минхенското радио, со Филхармонијата во Штутгарт и др.\nОд 2015 година Ана Дурловски е носителка и на највисокото државно признание – титулата „Национален уметник на Р. Македонија“.\n\n \nКамерниот оркестар „АЈГА“ е формиран во септември 2022 година. Идејата за формирање на ансамбл од ваков тип, пред сѐ, произлезе од недостатокот на камерни состави во државата што на својот репертоар изведуваат дела од автори од различни стилски епохи и правци, каде посебен акцент е ставен врз творештвото на современите композитори. Во оркестарот членуваат истакнати имиња на концертната сцена кај нас, предводени од концерт мајсторот Ева Богоевска.\nОркестарот во различни формации (камерен, гудачки, симфониски) реализира повеќе концерти што предизвикаа бројни воодушевувачки импресии и кај публиката и кај музичката критика. Зад диригентскиот пулт на овој оркестар застанале домашни и странски диригентски имиња, меѓу кои се: Борјан Цанев, Вернер Ерхард, Виктор Митревски, како и Ана Спасовска, диригент и воедно еден од основачите на оркестарот.   Како солисти, со Ајга настапиле врвни странски и домашни уметници, меѓу нив: Иво Погорелиќ, Ана и Игор Дурловски, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Маријана Херциг, Владимир Костов, Горан Јанев, Маја Чанаќевиќ и др.\nОркестарот остави исклучителен впечаток кај публиката со неповторливите изведби на делата од македонските композитори: Тодор Скаловски, Љубомир Бранѓолица, Љупчо Константинов, Ристо Аврамовски, Стојан Стојков, Александар Пејовски, Дамјан Темков, Ана Пандевска, Бојана Петровиќ Алексова, Михајло Штерјев и Филип Иванов.\nМузичката критика во досегашните настапи на камерниот оркестар Ајга ја истакнува емоцијата на музичкиот израз и впечатливата интерпретација.\n\n \nАна Спасовска – диригент \nАна Спасовска е родена во Скопје. Таа е добитник на угледни диригентски признанија, меѓу кои стипендист на Меѓународниот натпревар и фестивал „Жорж Енеску“ во 2024 година и е дел од престижната  менторска програма „Таки-Алсоп“ 2024–2025, преку која остварува соработка со Марин Алсоп. Во 2022 година ја освои Првата награда на Меѓународниот натпревар за оркестарско диригирање во Сегед, Унгарија.    Своето диригентско деби го остварува со Симфонискиот оркестар на Дубровник и оттогаш има диригирано со бројни оркестри низ Европа и низ Америка, вклучувајќи го Националниот радиосимфониски оркестар на Полска, Македонската филхармонија, Националниот унгарски симфониски оркестар на Сегед, Софиската филхармонија, Романскиот младински оркестар, Филхармонија Банатул – Темишвар, Симфонискиот оркестар на Универзитетот „Шеперд“ и „Њу ворлд симфони“.\nТаа е уметнички раководител на камерниот оркестар „Ајга” во Скопје, со кој настапува меѓународно, вклучувајќи го и настапот на ЕКСПО во Осака (2025) во Јапонија.           Спасовска соработувала со истакнати домашни и странски солисти како: Иво Погорелиќ, Симон Трпчески, Кирил Трусов,  Ана и Игор Дурловски.\nОд 2024 година работи како гостин асистент диригент на Националниот радиооркестар на Франција во Париз, а исто така како асистент диригент беше дел од програмата на Европската престолнина на културата во 2023 година.\n\n \nПрограма:\n \nМАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ПЕСНИ\nАранжмани за оркестар: Сони Петровски\n \nУвертира\n„Си заљубив едно моме”\n„Ленка Пингова”\n„Што да правам, што да чинам”\n„Пајдушко”\n„Нели ти реков моме Донке”\n„Oj ти момче Охриѓанче”\nИнтерлудиум I\n„Невеста жито требеше”\n„Дејгиди луди млади години”\n„Излегу да се мамо рашета”\n„Кажи Анѓо”\nИнтерлудиум II\n„Стојне бре Стојне”\n„Назад назад Калино моме”\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/orkestar-ajga-so-ana-i-igor-durlovski-s-makedonija/
LOCATION:Долни Сарај
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/18.07-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
