BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-ea09cfbe321976b327b43c53441ef7db@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260723T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260723T210000
DTSTAMP:20260424T103055Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260611
PRIORITY:5
SEQUENCE:7
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Камерен оркестар на НОБ
DESCRIPTION:Камерeн оркестар на Националната опера и балет\n \nКамерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под диригентската палка на маестро Џанлука Мартиненги од Италија и маестра Бисера Чадловска.\nВо своето постоење, Камерниот оркестар на НОБ има забележено гостувања во Виена, на Штад Фест Виен (Stad Fest Wien) во 2010 година, како дел од класичниот дел на фестивалот со настап на Михаелплац, „Скопско лето“, концерт во Пловдив, Бугарија, настап во престижната концертна сала Groser Ehrbar Saal во Виена и др. Како солисти со Камерниот оркестар на НОБ настапувале Елена Мисиркова Лоза – пијано, Илија Зимбов – флејта, Горјана Стојановска – пијано. Во својата програма, Камерниот оркестар на НОБ најчесто настапувал со дела од македонските автори како, Властимир Николовски, Благој Цанев, Гоце Коларовски, Драган Шуплевски, Дамир Имери, Ристо Аврамовски и др.\n \n \nБисера Чадловска – диригент  \nБисера Чадловска е родена во Скопје во 1978 година. Дипломира оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Фимчо Муратовски, а постдипломските студии одлучува да ги продолжи во Софија, на Државната музичка академија „Панчо Владигеров“, во класата на професор Пламен Џуров каде магистрира со највисоки оценки.\nПо завршувањето на образованието, почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Како талентирна млада диригентка, станува стипендист на фондацијата CEE Eastern Musiektheater. Набргу започнува да работи и како асистент диригент и понатаму диригент на голем дел од оперските и балетските претстави на репертоарот на МОБ и станува прв диригент на Македонската опера и балет.\nВо Македонија редовно настапува и со Македонската филхармонија. Како гостин диригент настапувала со Сараевската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар, Нишкиот симфониски оркестар, како и во државните оперски куќи во Пловдив и во Варна (Бугарија) и во Батуми и во Кутаиси (Грузија). Како диригент учествува во поставувањето на првиот лиценциран мјузикл во Македонија, „Чикаго“, на сцената на Македонскиот народен театар. Повеќе пати настапува на фестивалот „Охридско лето“, а во 2021 година настапува на свеченото отворање на фестивалот.\nОд 2017 до 2020 година ја извршува функцијата уметнички раководител на Операта при Националната опера и балет. Од 2022 до 2024 година ја извршува функцијата музички селектор на фестивалот „Охридско лето“. Во јуни 2022 година е избрана за доцент на Факултетот за музичка уметност.\nДобитник е на наградите: „Георги Божиков“, за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2015 година, Музичко-сценски уметник на годината во 2015 година и наградата „13 Ноември“ од областа на уметноста во 2019 година, која ја доделува Град Скопје. Во 2023 година е избрана за жена на годината.\nОперскиот и балетскиот репертоар на диригентката Бисера Чадловска е разновиден и брои голем број наслови. Сите тие првенствено се изведени нa сцената на нејзината матична куќа, Националната опера и балет.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/kameren-orkestar-na-nob/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/23.07-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
