BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-ba335c94ffa2aea7525a44c72a33260a@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260801T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260801T210000
DTSTAMP:20260424T103044Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260612
PRIORITY:5
SEQUENCE:3
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“
DESCRIPTION:Емил Ровнер – виолончело \nВиолончелистот, пејач и диригент Емил Ровнер е возбудлив музичар со „неверојатна техника“ (ФоноФорум) и експресивен израз, а покрај тоа тој е искусен педагог и организатор на фестивали. Роден е во Горки во Русија во семејство на музичари, веќе на 10-годишна возраст дебитира со Градскиот симфониски оркестар во Горки. Виолончело учи со Иван Монигети во Мадрид и во Базел, а дипломира во класата на Борис Пергаменчиков на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин. Учел и со легендарниот виолончелист Мстислав Ростропович кој имал силно влијание врз неговиот уметнички развој. Студирал пеење на Школата „Канторум“ во Базел, а посетувал и часови по диригирање.\nНеодамнешните концерти на Емил Ровнер вклучуваат настапи со: Прашкиот радиосимфониски оркестар, Корејскиот камерен оркестар во Сеул, Синфониета Краковија, Претседателскиот орекстар во Анкара, деби на фестивалот посветен на Шостакович во Гориш, како и концерти на водечките европски фестивали во Бон и во Гштад. Настапува во концертната сала „Елбфилхармонија“ во Хамбург, како и во Копенхаген и во Луцерн.\nЕмил Ровнер е победник на бројни натпревари и е наградуван на натпреварот „Јоханес Брамс“ во Австрија, како и на натпреварот во Лозана под патронство на Лорд Мењухин. Во 1998 година освојува прва награда на натпреварот „Ј. С. Бах“ во Лајпциг кога и започнува неговата меѓународна кариера. Од неговиот солистички деби настап со оркестарот „Тонхале“ во Цирих, тој честопати настапува со оркестри како: Филхармонијата во Санкт Петербург, Симфонискиот оркестар во Берлин, Камерата Берн, симфониските оркестри во Москва и во Базел, како и со камерните оркестри во Штутгарт, во Базел и во Минхен.\nТој е еден од основачите и уметнички директор на фестивалот „Резонанци“ во Сент Мориц и на фестивалот „Мјечеслав Вајнберг“ во Дрезден. Емил Ровнер е посветен на камерната музика и во 2007 година е именуван за најмлад професор на Универзитетот „К.М фон Вебер“ во Дрезден. Неговото ЦД со дела од Вајнберг издадено во 2010 година е оценето со 5 ѕвезди од списанието „ФоноФорум“ и е номинирано за наградата „Ехо Класик“.\n \n \nСимон Поповски – виолина \n \nСимон Поповски е роден во Битола и своите студии ги завршува во 2014 година.  Магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во  2018 година,  а последователно студира и на Универзитетот во Бока Ратон, Флорида, САД каде се стекнува со диплома во 2022 година. Во текот на своето образование посетува часови и мајсторски курсеви кај: Меи Меи Луо, Олег Кондратенко, Сихана Бадивуку, Сузан Гилмор, Павел Верников, Ванчо Стоилков и други.\nСвоето искуство го започнува во ансамбли за камерна музика како гудачкиот квартет „Аксиос“, „Кон Темпора“, а работното искуство го гради  како член на Македонската филхармонија, „Палм Бич Опера“, „Атлантик Симфони“, „Бока Симфониета“, „Мајами Сити Балет“, оркестарот за снимање филмска музика (FAME’S), НУ Камерен оркестар на Битола и No Borders Orchestra.\nСимон има повеќе пати настапувано како солист со Оркестарот на Музичката младина на\nМакедонија, со камерниот оркестар и со симфонискиот оркестар при ФМУ-Скопје, со Македонска филхармонија, со НУ Камерен оркестар на Битола, со оркестарот и хорот при ,,Прва\nПресбитеријанска Црква” во Флорида, со симфонискиот и камерниот гудачки оркестар при ФАУ -Бока Ратон и други.\nМоментално е вработен во НУ Камерен оркестар на Битола.\n\n \nЕвгениј Шчербаков – диригент\n \nКандскиот композитор, диригент и педагог Евгениј Шчербаков е роден во 1958 година во Горки (денешен Нижни Новгород). Уште од раната возраст покажува талент и интерес за музика,  започнува да свири во брас бенд и кога има само 9 години ја пишува првата композиција за пијано „Минути“ која сè уште се изведува во Русија, Европа и Канада.\nДипломирал на одделот за композиција на Конзерваториумот „Глинка“ во Нижни Новгород каде се здобива и со титулата магистер на одделот за композиција и музичка теорија,  а докторира Композиција и педагогија во класата на проф. Борис Гецелев.\nСтудирал оркестарско и хорско диригирање и на Академијата за уметности во Самара и на Конзерваториумот „Глинка“ каде во периодот од 1990 до 2008 година бил и професор по композиција и оркестрација.\nВо 2008 година емигрира со семејството во Канада, каде продолжува да работи како диригент, композитор и пијанист.  Низ годините компонира бројни дела  почнувајќи од композиции за деца, преку камерна и симфониска музика, инструментални дела, концерти, кантати и ораториуми. Многу од неговите композиции се изведени во Украина, Македонија, Русија, Швајцарија, Германија, Белгија и Канада. Шчербаков одржува мајсторски курсеви по композиција и оркестрација во Швајцарија, во Македонија и во Германија.\nДобитник е на грантови и интернационални резиденции во Швајцарија и  во Канада како поддршка за развој на неговиот уметнички израз. Од 2008 год. тој е независен професор и консултант за композиција, оркестрација и за оперско и симфониско диригирање, а истовремено работи како диригент на хорот на Школата „Валдорф“ во Ванкувер (2008-2017). Активен е како професор по музика и како пијанист, а посветено работи со неколку хорови во Ванкувер.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/vnatreshen-glas-na-violoncheloto-i-violinata/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/01.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
