BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-ab0e8f1ae39d10783b04998b643a1444@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260804T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260804T210000
DTSTAMP:20260424T103028Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260617
PRIORITY:5
SEQUENCE:5
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Роденден на фестивалот
DESCRIPTION:Мајан Лихт – машки сопран/контратенор\n \n Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина.  Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.  \nОваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.  \nНеговите улоги се топло примени од стручната критика и од публиката при неговите настапи во Камерната опера во Виена, во операта во Дортмунд, во Театарот во Брно, во  Tеатарот „Фарнезе“, на турнејата со Јулија Лежнева, со Фестивалскиот оркестар на Швајцинген, во Парма, на Барокниот фестивал во Бајројт и на фестивалот „Монтеверди“ во Кремона.    \nЕден од неговите експериментални проекти е насловната улога во „КарМЕН“ која ја изведува со познати драг-артисти во „Концертгебау“ во Амстердам, во „Музикгебау“ и на Парадата во Амстердам. Лихт, исто така, прави уникатен спој на техно-музика со опера во неговиот проект „Технопера“ со кој покрај во „Концертгебау“ настапува и низ Холандија.  \nТалентот на Мајан Лихт прв го забележува неговиот израелски професор Вита Гуревич, а студиите ги завршува во 2021 година на Конзерваториумот во Амстердам, во класата на Ксенија Меијер. Добитник е на повеќе награди и признанија вклучувајќи ја наградата „Бајацо“ во 2025 година за улогата на  Кербуино во „Свадбата на Фигаро“ во операта во Дортмунд, Гран при на Меѓународниот вокален натпревар во Виена во 2023 година и наградата на жирито и на публиката на натпреварот на фестивалот „Грахтен“ во 2020 година со неговиот ансамбл „Дуо Зефирети“. \n \n \nПшемек Виницки – пијано\nПшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел. Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“.  Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија, Белгија и Холандија.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/rodenden-na-festivalot/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/04.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
