BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-4064e4d885e4be966c600e071394c636@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260805T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260805T210000
DTSTAMP:20260424T103040Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260612
PRIORITY:5
SEQUENCE:3
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Холандска вечер
DESCRIPTION:Ниек Бар – виолина\nХоландскиот виолинист Ниек Бар важи за харизматичен и сериозен музичар кој ја одушевува публиката не само во неговата родна земја туку и низ светот, на сцените на Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, во Ориенталниот центар во Шангај и во „Гастајг“ во Минхен. Особено значаен настан за неговата кариера е победата на натпреварот „Оскар Бак“ во Холандија во 2018 година.\nНиек кој дебитира со Ротердамската филхармонија на 16-годишна возраст, денес е редовен солист на сите оркестри во Холандија, со Оркестарот на Германското радио во Сарбрукен, со Камерниот оркестар на „Концертгебау“, со Радиофилхармонискиот оркестар во Хаг и др.\nКако камерен музичар има долгогодишна соработка со американскиот пијанист Бен Ким со кој веќе има одржано неколку рецитали на сцената на амстердамскиот „Концертгебау“, во „Концертхаус“ во Берлин и во минхенскиот „Гастајг“ (концерт пренесуван во живо од „БР класик“) и деби во Филхармонијата во Есен во  2021 година.  Ова камерно партнерство резултира и со ЦД снимено за „Авротрос класик“ со дела од Крајслер, Моцарт, Бах и Бетовен.\nВо изминатите сезони тој настапува со Германската камерна филхармонија „Нојс“ и со Изабел ван Кулен, со Филхармонискиот оркестар на Ворпомерн и одржува рецитали со пијанистот Кристијан Безуиденхут.  Во 2021 година тој настапува на турнејата со Камерниот оркестар „Концертгебау“ по што заеднички снимаат ЦД за Чанел класикс/Аутдер мјузик.\nДел од неговиот успех се должи и на победите на повеќе меѓународни натпревари, меѓу кои: на Конкурсот „Принцеза Кристина“, на натпреварот „Бах соло“ во Лондон, како и наградата „Громек“ на фестивалот „Кронберг“ во Германија и наградата „Кејсер“ во 2015 година.\nНиек е роден во Ротердам во 1991 година. Започнува да учи виолина на 8-годишна возраст, а студира на Високата школа за музика „Ханс Ајлсер“ во Берлин каде дипломира во класата на проф. Стефан Пикард во 2016 год. Се усовршува во Минхен со проф. Кристоф Попен.\nСвири на виолина „екс Форнбаум“ изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година.\n\n \nБен Ким – пијано\nИзведбите на американскиот пијанист Бен Ким се опишани како „еуфорични и полни со виталност“, додека пак сензибилноста и интегритетот во интерпретацијата му носат респект и репутација кај публиката, но и кај стручната критика.\nПобедникот на 55-от АРД натпревар во Минхен во категоријата пијано, Бен, настапува низ светот во концертните сали како „Карнеги Хол“, „Музикферајн“, „Гевандхаус“, „Сантори Хол“, „Кенеди Центар“, со оркестрите на Германското радио, Баварскиот радиосимфониски оркестар, со оркестрите во Лајпциг, Балтимор, Кјушу, Сеул, со оркестарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, со Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, со оркестарот „Тонхале“ под диригентската палка на Кристоф Ешенбах, со Келнскиот камерен оркестар под водство на Кристоф Попен и со Филхармонискиот оркестар на Бусан на „Музикфест Берлин“.\nВо 2017 година Бен Ким е добитник на наградата „ЛОТТО“ за развој на кариерата од страна на Фестивалот во Рајнгау, а во 2012 година е избран за добитник на Наградата за особен успех меѓу повеќе од 13.000 дипломци на Универзитетот „Џон Хопкинс“.  Неговата дискографија вклучува ЦД со дела на Шопен снимен за Универзал/Дека, како и албуми за издавачките куќи „Сони Класикал“ и за Клавирскиот фестивал во Рур.  Неодамнешното издание со избор на клавирски концерти од Моцарт заедно со Камерниот орекстар на „Концергебау“ за „Чаленџ рекордс“ му носи одлични критики во печатените и дигиталните медиуми.\nРоден во Портланд, Бен студирал со Леон Флајшер и Јонг Хи Мун на Конзерваториумот „Пибоди“ и на Интернационалната пијано академија во Комо, Италија предводена од Марта Аргерич и Грант Наборе.  Дипломира на Универзитетот за уметности во Берлин во класата на Клаус Хелвиг.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/holandska-vecher/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/niek-ben-by-martijn-gijsbertsen.1-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
