BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-bfeab61d25b5d7788df27385bec16eb9@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260806T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260806T210000
DTSTAMP:20260424T103024Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260612
PRIORITY:5
SEQUENCE:6
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Candlelight concert
DESCRIPTION:Камерен оркестар „ПРОФУНДИС“\nКамерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап.\nОркестарот „Профундис” низ својата активност ќе забележи исклучително успешни концерти сo светски познатите солисти како виолинистите: Стефан Миленковиќ, Роман Симовиќ, Јован Богосављевиќ, Ирина Мурезану и Марио Хосен; виолончелистите: Петар Пејчиќ и Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки; Огњен Поповиќ – кларинет; Џузепе Нова – флејта; Даниеле Ајело – гитара; Антонио ди Кристофано – пијано; како и со македонските солисти: Владимир Костов, Ана Кондратенко, Благој Нацовски, Ема Попивода, Наде Талевска, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Бранко Павловски, Љубиша Кировски и др.\nОд интернационалните настапи на „Профундис” вредно е да се споменат настапите во: Белград – Коларац, Нови Сад – Синагога, Софија, Котор, Сараево, Мостар, Тузла, Италија – Соренто, како дел од престижните фестивали за класична музика како што се: „Котор Арт“, „Софиски музички седмици“, фестивалот во Соренто и Фестивалот „Раванелиус“. Со свои настапи  „Профундис“ е активен учесник и на домашните фестивали како што се: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика”, „Битфест”, „Есенски музички свечености”, „Златна лира” и „Скопско лето”.\nПознати по својата оригиналност и креативност, камерниот оркестар „Профундис” реализира и концерти кои излегуваат од рамките на стандардниот класичен формат, меѓу кои се издвојуваат концертниот спектакл насловен “Groove” кој беше обоен со целосен 3D-мапинг, концертниот спектакл “Candlelight” – концерт под свеќи, соработката со Белградскиот камерен оркестар „13 гудачи” со кој се фузираа во еден оркестар, како и поставувањето на операта „Свадбата на Фигаро” од В. А. Моцарт во соработка со „Балкан опера студио“.\n \nЃурѓица Дашиќ – диригент\nЃурѓица  Дашиќ дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот – оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар. Од 2008 година е вработена во Македонската опера и балет како хор-мајстор. Учествува во поставувањето и во одржувањето на целокупниот репертоар во Македонската опера. Соработува со голем број истакнати диригенти во улога на соработник и на асистент-диригент, меѓу кои и Емил Табаков, Џанлука Мартиненги, Енрико Довико, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Урош Лајовиц и со многу други.\nКако оркестарски диригент, во својата матична куќа ги диригира оперите „Рита“ од Г. Доницети, „Севилскиот берберин“ од Џ. Росини и традиционалниот концерт Млади оперски надежи „Коста Трпков“. Активно учествува во подготовката и во реализацијата како оркестарски диригент на првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, во чест на Тоше Проески.\nВо 2019 година го формира камерниот оркестар  „Профундис“ со кој активно работи  како негов уметнички раководител и диригент и реализира исклучително успешни соработки и настапи.   Под нејзиното водство, ансамблот брзо се наметна како еден од најрепрезентативните камерни состави во Македонија и во регионот. Оркестарот настапувал на престижни фестивали како: „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Златна лира“, „Денови на македонската музика“, „Sorrento Music Festival“, „Ravanelius“ и „KotorArt“, привлекувајќи внимание со високиот уметнички квалитет и оригиналните програмски концепти.\n\n \nСтефан Миленковиќ – виолина\nЕден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи врвна професионалност и безгранична креативност.\nПовеќепати застанува на сцените на престижниот „Карнеги Хол“ во Њујорк, како и во „Кенеди центарот“ во Вашингтон, „Кадоган хол“ во Лондон, „Сантори Хол“ во Токио, како и на повеќето подиуми на театрите во Италија како „Ла Фениче“ во Венеција, „Сан Карло“ во Неапол, и театарот „Петруцели“ во Бари. Неговите настапи со оркестри ги вклучуваат: Симфонискиот оркестар во Индијанаполис, Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар „Орфеус“, Филхармонијата во Хелински под диригентските палки, на меѓу другите сер Невил Маринер и Лорин Мазел. Настапува пред видни личности и светски лидери, меѓу кои Роналд Реган, Михаил Горбачев и папата Јован Павле II. Миленковиќ е лауреат на повеќе интернационални натпревари како: Меѓународниот натпревар во Индијанаполис (САД), натпреварот „Кралица Елизабета“ во Белгија,  „Родолфо Липицер“ и Премио „Паганини“ во Италија, натпреварот „Лудвиг Шпор“ во Германија и натпреварот „Јехуди Мењухин“ во Велика Британија.\nВо сезоната 2025/26 Стефан ќе настапува на турнеја со оркестарот на Северна Холандија со кој ќе настапи во „Концертгебау“ во Амстердам, ќе биде солист со Симфонискиот оркестар на РАИ во Торино, со „Помериџи Музикали“, со Оркестарот на РТВ Словенија и со оркестарот „Профундис“.\nРедовно настапува на фестивали насекаде низ светот, а неговата дискографија вклучува албуми со делата на Бах и Паганини за издавачката куќа „Динамик“, како и снимки за ПГП и за РТВ „Сло класикс“. Музичар со бројни стилски и жанровски интереси, Стефан Миленковиќ соработувал со Греми номинираниот рок-бенд „Горилаз“, како и со Един Карамазов и со триото на Влатко Стефановски.  Тој е посветен и на педагошката работа и повеќе од две децении работел заедно со Исак Перлман на „Џулијард“ во Њујорк, како дел од Музичката програма „Перлман“, а држел и позиција на професор на Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампањ.      Во моментов Стефан Миленковиќ е уметнички директор на новата концертна сала во Нови Сад, како и професор на Универзитетот во Нови Сад.\nСвири на виолина изработена од Џовани Батиста Гуадањини во 1783 година.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/candlelight-concert/
LOCATION:Предворје на Св. Софија
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/06.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
