BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-0524bbc7d57d3edbd146cb19bbd4d1f2@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260809T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260809T210000
DTSTAMP:20260424T103001Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260612
PRIORITY:5
SEQUENCE:4
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:ЕУ вечер Last Rose of Summer
DESCRIPTION:Последна роза на летото\nЈохана Кезеи – флејта\nДејвид Тобин – виолина\nФингин Колинс – пијано\n \nЈохана Кезеи се вбројува во групата истакнати млади музичари од Унгарија кои ги освојуваат светските сцени. Настапува со голем број оркестри и диригенти, а моментално живее и студира во Германија каде редовно настапува со Штатскапеле Берлин, како и во оркестарот на Државната опера. Во 2023 година дебитира како солист во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Добитничка е на награди и признанија на меѓународни натпревари во Унгарија, Полска, Италија и Холандија. Како камерен музичар настапува во големата сала на „Алте опер“ во Франкфурт со Игор Левит, како и со Каролин Видман во Државната опера во Берлин. Како оркестарски музичар соработувала со врвни диригенти како: сер Сајмон Ретл, Кристијан Тилеман, Андрис Нелсонс и Даниел Барембоим, во оркестри како: Штатскапеле Берлин, Германската опера, оркестарот на „Концертхаус“ во Берлин, НДР во Хановер, Германскиот симфониски оркестар и оркестарот „Гевандхаус“ во Лајпциг.\n\n \nДејвид Тобин е еден од водечките ирски класични музичари. Живее и работи во Берлин, а настапува како солист, камерен музичар и концерт-мајстор во разни оркестри. Солистички настапува со Националниот симфониски оркестар на Ирска, со Симфонискиот оркестар во Ахен, со оркестарот РТЕ во Даблин, со Симфонискиот оркестар во Визбаден и со Синфониета во Њујорк.\nКако оркестарски музичар редовно настапува со Берлинската филхармонија, а како концерт-мајстор ги предводи: Германската опера во Берлин, Националниот оркестар на Ирска, оркестарот во Хајделберг, Младинскиот оркестар на ЕУ, оркестрите во Келн и во Сицилија, а како водач настапува со Западно-источниот „Диван“ оркестар на Даниел Барембоим, со Штатскапеле Дрезден под диригентство на Даниеле Гати и со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта под водство на Иван Фишер.\nНастапува на бројни фестивали во Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка и Англија.  Тој е најмлад уметник кој имал сопствена концертна серија во Даблин како дел од престижните Меѓународни концерти. Студира и магистрира на Академијата во Келн, а неодамна магистрира со титулата – музичар солист на Универзитетот за уметности во Берлин.\n\n \nЕден од најуспешните ирски музичари, пијанистот Фингин Колинс е роден во Даблин во 1977 година и студира на Ирската академија за музика, во класата на Џон О’ Конор и на Конзерваториумот во Женева, во класата на Доминик Мерле. Тој е победник на натпреварот „Клара Хаскил“ во Швајцарија во 1999 година и оттогаш неговата кариера е во подем со концертни настапи низ Европа и низ САД, како и во азиските земји и во Австралија.\nНастапува со врвни оркестри и со светски признати диригенти, а како солист застанува на сцените на некои од најпрестижните концертни сали во светот. Како солист и камерен музичар настапува на бројни светски фестивали.\nНеговите интересни програми придонесуваат кон тоа да биде многу почитуван во неговата родна земја каде е основач и уметнички директор на Клавирскиот фестивал „Њу Рос“ во Вексфорд од неговото основање во 2006 година, уметнички директор на  Музика за Голвеј од 2013 година, а од 2023 година е уметнички директор на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Даблин. Претседател е на жирито на натпреварот „Клара Хаскил“ во 2023 и 2025 година, а во октомври 2017 година Националниот универзитет во Даблин му додели почесна докторска титула.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/eu-vecher-last-rose-of-summer/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/09.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
