BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-157d9f8e3592c76c244fa8f0327a04c0@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260811T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260811T210000
DTSTAMP:20260424T103015Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260617
PRIORITY:5
SEQUENCE:5
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Вечер на барокна музика
DESCRIPTION:Цветанка Созовска – чембало\nЦветанка Созовска  е родена во 1975 година во Скопје. Започнува  да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен Костова во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”.\nВо 1996 дипломира во класата на проф. Борис Романов на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со својот среден успех на студии од 10.0 таа е прогласена за Најдобар дипломиран студент на својата генерација на ФМУ – Скопје и на  Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”.\nСе усовршува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, каде специјализира чембало и барокна музика на одделот за стара музика. Во класата на светски признатиот холандски чембалист и фортепијанист Жак Ох, таа ги заокружува додипломските и постдипломските студии по чембало и во 2002 година се стекнува со титулата – магистер по музика.\nКако солист и како камерен и оркестарски музичар, таа има настапувано на бројни концерти низ цела Европа и во Јужна Кореја.  Член е на Барокниот оркестар на Европската Унија во сезоната 2002-2003 и работи со врвни музичари како Фабио Бјонди и Рајнхард Гебел. Како корепетитор, во 2004 година таа е дел од тимот при Летниот фестивал „Каза де Матеуш” во Португалија, а со барокниот ансамбл „Барок опера Амстердам” остварува турнеја низ Франција. Таа е професор по чембало и басо континуо на Летната музичка школа во Бургос, Шпанија во 2009 година.\nЦветанка Созовска е чембалист на Оркестарот од Кадакеш во Шпанија, на проектот под диригентската палка на легендарниот сер Невил Маринер.  Под водство на најпознатиот светски барокен музичар, со холандско потекло, Франс Брухен, Цветанка е корепетитор и заменик-диригент при долготрајната продукција на операта „Les Indes Galantes” од Жан Филип Рамо во Полска и во Холандија.\nТаа е дел од Интернационалниот барокен оркестар на Исланд, со кој често настапува на проекти во Рејкјавик и на Исланд.\nСо нејзиниот матичен барокен ансамбл „Театро ала мода” таа настапува редовно во Холандија и пошироко, а во 2005 година гостува дури и во Скопје.  Дел е и од ансамблот „Џардино Музикале” со кој редовно изведува камерна и оркестарска музика низ Холандија.\nЦветанка Созовска живее и работи во Хаг повеќе од 20 години каде е корепетитор на чембало на одделот за историска изведба при Конзерваториумот во Утрехт, Холандија. Во истиот град таа е професор по чембало во Утрешкиот центар за уметности. Повеќе од 15 години таа е и професор по пијано во музичкиот оддел при Интернационалното училиште на Хаг.\nТаа е многу активна и како хорски диригент и работи со хорови од најразлични жанрови и возрасти.  Таа е дел и од стручното жири на Натпреварот за млади таленти, кој секоја година се одржува во Хаг.\n \n \nВладимир Костов – виолина\nВладимир Костов дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Посетува мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и квартетот „Миро“ (САД).\nВладимир Костов по пат на аудиција повеќе пати е избиран да членува во Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти и солисти и остварувајќи концерти во некои од најпознатите концертни сали во светот. Настапува и со оркестарот Исток-Запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ.\nКамерната музика претставува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, Камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, основач е на клавирското трио „ВАМ“, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија и на Ансамблот за современа музика „Кон Темпора“ . Настапува како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар, со камерниот оркестар „Профундис“, како и на повеќе фестивали и манифестации во  Македонија и во Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска, САД…Член е и концерт мајстор на меѓународниот оркестар ,,Nо Borders’’ со кој на концертната турнеја во 2021 година настапува и како сoлист.\nТој е основач на Фестивалот за млади виолинисти „Виолин Фест“  и е добитник на наградата „Георги Божиков“.\nВладимир Костов работи како концерт мајстор во Македонската филхармонија и како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.\n\n \n \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/vecher-na-barokna-muzika/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/11.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
