BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-65781a7f7f77ddfed2b74bc32948dfcb@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20260818T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20260818T210000
DTSTAMP:20260424T103032Z
CREATED:20260424
LAST-MODIFIED:20260617
PRIORITY:5
SEQUENCE:5
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Унгарска вечер
DESCRIPTION:Ноеми Салаи – кларинет  \nМладата унгарска кларинетистка Ноеми Салаи е единствена кларинетистка која во периодот 2018-2020 е избрана да биде дел од престижната програма „Ансамбл конект“ која ја организира „Карнеги Хол“. Таа е учесничка на повеќе фестивали во Унгарија и во САД и соработува со познати уметници како Чарлс Најдих, Франк Морели и Питер Франкл. Како победничка на натпреварот „Призма“ во 2018 година во Канада, таа добива можност да настапува со Московскиот симфониски оркестар во Русија.\nКако оркестарски музичар настапува со престижниот Унгарски фестивалски оркестар под диригентство на Иван Фишер на нивната турнеја во Единбург, во Будимпешта и во Њујорк. Соработува со камерниот оркестар „Орфеус“, со Симфонискиот оркестар на Бингхамптон, со ансамблите на „Џулијард“, со Симфонискиот оркестар на Принстон, како и со ансамблот за современа музика „Аксиом“. Свири и во Светскиот оркестар кој го носи името на Золтан Кодај под диригентската палка на Тамаш Васари.\nВо 2019 година таа е добитничка на златен медал на Интернационалниот натпревар на Менхетен во Њујорк, а носителка е на признанија и награди од натпреварите во Унгарија, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Канада и САД.\nНоеми Салаи е родена во Унгарија. Започнува да учи музика на 8-годишна возраст, а кларинет свири од нејзината десетта година. Дипломира на колеџот „Бард“ во САД, а потоа магистрира на „Џулијард“ во Њујорк.\n\n \nАлександра Балог – пијано\nПобедничката на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Бела Барток“ во Грац во 2017 година, Александра Балог се вбројува во некои од највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на стипендијата „Фулбрајт“, наградена е со наградата „Прима“ во 2023 година, што е најпрестижна награда за младите уметници во Унгарија и во 2024 година е вброена на листата „Најдобри 30 под 30 години“ од страна на „Форбс“ – Унгарија.\nКако солист настапувала со повеќе оркестри во Унгарија и во Велика Британија, а настапувала и на сцените на „Карнеги Хол“ во Њујорк, во салата на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“, во Центарот за уметности во Месксико Сити и во Капелата за музика во Брисел. Концертните настапи ја водат низ повеќе земји во Европа, во САД, во Мексико и во Еквадор, како и во поголемите културни центри низ Азија.\nОваа концертна сезона Балог ќе настапи во Салата „Корто“ во Париз, Палатата на убави уметности во Мексико Сити, како и во Будимпешта, Лондон, Токио, Сингапур, Пекинг и во Шангај.\nАлександра Балог е основач и уметнички директор на Уметничкиот колектив „Аталена“, кој претставува збир на меѓународно признати млади музичари кои се посветени не само на високите уметнички цели, туку се стремат и кон психичкото, менталното и емотивното здравје на уметниците. Колективот презентира серии на фестивали, академии и мајсторски курсеви во Унгарија и во Тоскана, Италија.\nАлександра Балог дипломира на Кралската музичка академија во Лондон во класата на Иан Фоунтаин (2019), ја поминала тригодишната уметничка програма на Унгарската академија за уметности и се стекнала со уметничка диплома од Универзитетот во Грац во класата на Маркус Шример (2023). Како Фулбрајтова стипендистка, во моментов студира на Музичкиот конзерваториум на Колеџот „Бард“ во класата на Риеко Аизава.\n\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/ungarska-vecher/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2026/04/18.08-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
