BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-83187550749e6b8024a097630f9d4722@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20220717T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20220717T210000
DTSTAMP:20220603T104201Z
CREATED:20220603
LAST-MODIFIED:20220708
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Ермир  Абеши, Мерита Реџа Тершана, Албанија
DESCRIPTION:Ермир Абеши-виолина\nАбеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија. Тој настапува како солист со бројни оркестри во Белгија меѓу кои Белгискиот национален оркестар, Кралскиот камерен оркестар на Валонија, романските оркестри во Плоешти и Бекау, оркестарот на Албанското радио ТВ. Дебитира на 16-годишна возраст со оркестарот „Гедини“ под диригентската палка на Марк Фостер, а настапува и со оркестарот на Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон. Со рецитали настапува во Европа и Тајван. Роден во Елбасан во 1987 година, Ермир Абеши започнува да учи виолина на шестгодишна возраст, а студиите го водат во Кремона, Италија каде дипломира на тамошната академија во класата на Бруно Пињата, а се усовршува кај познатиот италијански виолинист Салваторе Акардо.\nВо 2006 година заминува во Бостон, таму ги завршува пост-дипломските студии на конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студира во класата на концерт-мајсторот на Бостонскиот симфониски оркестар- Мартин Лоув. За време на годините во САД редовно посетува мајсторски курсеви и летни кампови под водство на Иља Груберт, Пинкас Цукерман и Григориј Жислин, учи камерна музика со Николас Кичен од гудачкиот квартет „Боромео“ и композиција со Мајкл Гандолфи и Џон Малиа. Во 2010 година Абеши се враќа во Европа продолжувајќи го своето усовршување со Дора Шварцберг и Наталија Пришипенко. Ермир Абеши е активен камерен музичар. Тој е дел од триото „Шпигел“ со Злата Чочиева и виолончелистот Николај Шугајев со кои настапува во некои од најпрестижните европски концертни сали вклучително во „Концертгебау“ во Амстердам, салата „Верди“ во Милано и на фестивалот во Луцерн. Од 2014 година започнува да работи како концерт-мајстор на Чешката филхармонија во Прага и истата позиција ја држи во оркестарот во Оденсе во Данска. Во 2017 година тој е назначен за концерт-мајстор на Германската радио филхармонија  „Сарбрукен-Кајзерслаутерн“.\n \nМерита Реџа -Тершана-пијано\nКритиката, публиката и медиумите ја сметаат Мерита Реџа -Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија,  и таа  продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка од национални награди како „Изведувач на годината“ на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, „Изведувач на годината“ и добитник е на „Култ наградата“ во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа – Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски  студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел.  Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Тершана е професор по пијано  на Универзитетот за уметности во Тирана, продекан на Факултетот за музичка уметност и раководител на одделот за пијано на истиот факултет.\nКако солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана, оркестарот на Операта под диригентската палка на:  Ј. Барбулуши, Л. Квадрини, Б. Лапај, А. Лепури, Н. Марин и Д. Савиќ. Како солист е често канета да настапи на познати фестивали во Албанија и Европа меѓу кои Фестивалот „Шлезгвиг- Холштајн“ (Германија), Фестивалот во Брегенц (Австрија), Фестивалот „Гросето“ во Италија како и на бројни фестивали во регионот. Мерита Реџа -Тершана често и за првпат изведува нови дела од албански композитори, а во 2009 снима ЦД со музика од Шуман. Исто така, има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Помеѓу бројните уметници со кои соработува како камерен музичар се вбројуваат: Клаиди Сахатчи, Руденс Турку, Ермир Абеши, Андреј Бјелов, Арета Жула, Кристи Гјези, Томас Лелу, Премусл Војта, Лоик Шнајдер, Роберто Траинини, Саимир Пиргу и др.\n \nПрограма:\n \nЛ. В. Бетовен: Соната бр. 9 оп. 47 A-dur „Кројцер“\n \nAdagio sostenuto – Presto \nAndante con variazioni\nFinale. Presto\n \nС. Прокофјев: Соната оп. 80 бр. 1 f-moll\n \nAndante assai \nAllegro brusco \nAndante \nAllegrissimo – Andante assai, come prima \n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/ermir-abeshi-violina-albanija-merita-redha-tershana-pijano-albanija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/17.7.2022-ermir-i-merita.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
