BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-059d9e01176ab2f0892fe2215835bf19@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20220715T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20220715T210000
DTSTAMP:20220603T103921Z
CREATED:20220603
LAST-MODIFIED:20220711
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:„НОВ ЗДИВ“ Камерен оркестар на Македонска Филхармонија
DESCRIPTION:Диригент: Паскал Галоа, Франција\nБојан Илкоски – виолина\nМарија Трајковска – виолина\nИлза Бафтиари – виола\nАлександар Лаовски – виола\nПаскал Краповски – виолончело\nДраган Гоневски – виолончело\nГонца Богоромова-Краповски-сопран\nИгор Бакревски- кларинет\nМаријана Николовска – пијано\nАтанас Алексов-ударни инструменти\nР.С. Македонија\n \nФилхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Р.С. Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, значи негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Филхармонија на РСМ внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни ансамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.\nИдејата за овој концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба и на современата музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонија во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и светски автори:  А. Шенберг, Валентина Велковска – Трајановска и А. Веберн.\nСите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во Р. С. Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно претставување на камерниот ансамбл „Нов здив“.\n \nПаскал Галоа-диригент\nУметничката кариера на Галоа вклучува повеќе активности: покрај исклучително плодна активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и познат педагог, во последно време се афирмира и како успешен диригент но и и особено креативен уметнички директор. Како еден од најпризнатите мајстори на фаготот, Галоа го инспирира италијанскиот композитор Лучано Берио да ја напише и да му ја посвети Секвенцата XII (1995), дел од легендарната серија со која значително се прошируваат хоризонтите на инструменталните техники и експресивниот дијапазон на инструментите. Во листата на истакнати композитори кои создале дела специјално за Галоа се и Пјер Булез со неговиот „Дијалог на двојната сенка“(2007) и Волфганг Рим, чија композиција „Псалм“ за фагот и оркестар е премиерно изведена од Галоа и оркестарот на Баварската државна опера под водство на Кент Нагано.\nВо значајните „музички моменти” кои ги иницира Галоа се вбројуваат и концертите во чест на 85-тиот роденден на Пјер Булез, како и одбележувањето на 95-тиот роденден на композиторот Анри Дитје. Галоа има реализирано бројни снимки како солист, камерен музичар и диригент, со исклучителен ентузијазам за нова музика, вклучувајќи дела од Булез до Куртаг; од Берио до Нојвирт.  Етаблиран подолго време како активен протагонист на париската музичка сцена, во 2015 го создава фестивалот „Музикал де Киброн“ во Бретања, како оригинална форма на испреплетување на традиционалното и современото творештво. Активно работи како диригент со голем број ансамбли и оркестри, вклучувајќи ги и Оркестарот на Бретања, Интернационалниот ансамбл за нова музика во Њујорк, ансамблот „Праг-Модерн“ и ансамблот „Меитар“ во Израел.\n \nПрограма\n \nА. Шенберг: “Verklärte Nacht”  oп. 4 за гудачки секстет\n \nВ. Велковска-Трајановска: „Омен“  за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти\n \nА. Веберн: Пијано квинтет\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/kameren-orkestar-na-makedonska-filharmonija/
LOCATION:Цар Самоил 88, Охрид 6000
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/15.7.2022-nov-zdiv.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
