BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-358c850b3836ae02b1d8b319d86d435f@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20220727T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20220727T210000
DTSTAMP:20220606T145422Z
CREATED:20220606
LAST-MODIFIED:20220708
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Театарска претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов
DESCRIPTION:Режија: Нела Витошевиќ\nИзведба: НУ Турски театар – Скопје, Р.С.Македонија\n \n„Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на трагикомичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува синџир од ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности со кои не можат или не знаат да се справат. Во претставата ние се обидовме да навлеземе длабоко во тие ликови и да направиме едно современо видување на „Галеб“ и отворивме две важни теми: конфликтот помеѓу две генерации (постара и помлада) и последиците од невозвратена љубов. Ставивме акцент и на проблемот на тоа како постарите генерации играат улога во кршењето на соништата на помладите и како го убиваат детето во нас. Оваа драма ја сакам уште од моите студентски денови и сите заедно ја сработивме со голем мерак.\nНела Витошевиќ, режисер\n \n„Замислете пишувам драма. Пишувам со задоволство, иако многу се судирам со барањата и потребите од страна на театарот. Започнав форте, а завршив со пианисимо, спротивно на правилата на драмската уметност.“  (А.П. Чехов за „Галеб“ во писмо до неговиот пријател Суворин, 1895 година)\nПрашањето кое се поставува за делата на Чехов не е – зошто во драмите нема класична драмска приказна, туку зошто таа драмска приказна не им е потребна? Чехов не го интересира ни драматичното само за себе, ниту пак безначајното само за себе, него пред сѐ го интересира односот помеѓу тие два вида на случувања и што се добива со нивното постојано судирање, испреплетување, среќавање.\nИ заради тоа што Чехов повеќе го интересираат односите меѓу ликовите и односот помеѓу ликовите и околината, стварноста во која живеат, повеќе отколку што го интересираат последиците, не може да се сложиме со првичната слика за неговите дела дека ништо не се случува, напротив во Чехов се случува и повеќе од што е потребно.\nКрајот во драмите на Чехов не  е ни конечна дефиниција, ни конечна пресуда, крајот е тајна која останува да лебди во воздухот додека светлата не се изгасат во гледалиштето.\nВикторија Рангелова, драматург\n \nНела Витошевиќ е театарскa режисерка, која високото образование и магистерските студии ги заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски. Од 2011 до 2015 година работи и ако демонстратор на истиот факултет, на отсекот по актерска игра. Нејзината кариера успешно започнува со дипломската претстава „Чикашки перверзии“, на Дејвид Мамет, поставена и изведувана во Драмскиот Театар – Скопје.  Понатаму нејзината кариера се развива со претставите „Вејка на ветерот“ од Коле Чашуле , „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска и „Макбет“ од Вилијам Шекспир; во Македонскиот Народен Театар, „Странци “ од Филипо Болоња и „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во Драмскиот театар; „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир,  „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров,  „Казимир и Каролина“ од Еден Фон Хорват во Прилепскиот театар, „Жена од Минатото“ од Роланд Шимелфенинг  и „Созвездија“ од Ник Пејн во Кумановскиот театар, „Стари времиња“ од Харолд Пинтер во Охридскиот театар и многу други. Со претставата „Змејовата невеста“, Нела ги освои и главните државни награди и признанија за театар – награда за најдобра режија и награда за најдобра претстава на фестивалот Војдан Чернодрински. Таа е еден од основачите на  независен театар Wonderland Theatre кој донесе свежина и поинаков пристап на независната театарска сцена во Македонија. Таа таму има направено неколку претстави: „Фирма“ од Р. Шимелфенинг, „5:17“ од Ана Ристоска, „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, и авторскиот проект „Работи за кои не зборуваме“. За претставата „Брод за кукли“ ја добива главната награда од жирото, за најдобра претстава на фестивалот МОТ. За нејзината работа во театар таа има добиено околу 20-тина награди, а нејзините претстави се играле на повеќе фестивали во земјата и Европа. Во моментов е вработена како режисер во Македонскиот Народен Театар.\n \nУлоги:\nИрина Николаевна Аркадина Трепљова- Несрин Таир\nКонстантин Гаврилович Трепљов –  Хакан Даци / Осман Али\nПетар Николајевич Сорин – Џенап Самет\nНина Михајловна Заречна – Стефанија Начевска / Сузан Акбелге\nМаша – Ебру Мусли\nБорис Алексеевич Тригорин – Селпин Керим\nЕвгениј Сергеевич Дорн –  Метин Ибрахим\nСемјон Семјонович Медведенко – Неат Али\n \nСценографија: Костантин Трпеноски\nКостимографија: Роза Трајчевска – Ристоска\n \nПретставата трае  2 часа и не се препорачува за лица помлади од 16 години\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-galeb/
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/27.7.2022-galeb.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
