BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-437d46a857214c997956eaf0e3b21a55@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20220815T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20220815T210000
DTSTAMP:20220608T155903Z
CREATED:20220608
LAST-MODIFIED:20220708
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Театарска претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен
DESCRIPTION:Режија: Нина Николиќ\nПродукција: НУ Македонски народен театар – Скопје Р.С.Македонија\n \nДрамата во пет чина „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, првпат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. „Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.\nДа се каже дека денес некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“  фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман.\nВо случајот, во оваа претстава актуелноста, пред сѐ, подразбира изострување на контекстот од каде што ја читаме драмата, без посебни интервенции во самиот текст, кој најмногу останува во својата изворна форма. Драмата совршено кореспондира и со кризата со која нашето општество повторно се соочува — преку исклучувањето на доктор Стокман од заедницата, Ибзен вешто го разоткрива општествениот конформизам и политичкото користољубие, покажува механизам со кој секој поединец што прави обид да зборува за системска неправда, автоматски го карактеризира како предавнички и заговорнички.\n„Народен непријател“ отвора и важна дилема и во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно. Можеби на почетокот несвесен за последиците и проблемите што ќе му ги донесе неговиот бескомпромисен став, и покрај ударите што му ги нанесе општеството, предводени од владејачката политичка структура и нестабилните новинари, доктор Стокман низ предизвици и падови, созрева и ги зајакнува, ги освестува и ги зацврстува своите крајни цели.\nГолемо прашање е како денес да се прочита и да се толкува крајот на претставата. Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, предизвик е да се направи возможен и убедлив Стокмановиот оптимизам, но подеднакво важно е и прецизно да се дефинира (следната) цел и да се конкретизира полето за понатамошната борба на овој Ибзенов херој.\n \nРежисерката Нина Николиќ (1987, Скопје), дипломира на Катедрата за француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Театарска режија на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2010 година, во класата на проф. Слободан Унковски, каде што и магистрирала во 2014 година со претставата „Евридика“ поставена во Драмскиот театар – Скопје. Во 2021 година, на истиот факултет, ја брани и докторската дисертација: „Испитување на пристапот како да престанеш да глумиш на Харолд Гаскин со студенти по актерска игра на ФДУ, со претставата „Белградска трилогија“ од Биљана Србљановиќ, а под менторство на проф. Јорданчо Чеврески. Од 2014 г. работи во Македонскиот народен театар, Скопје.\nМеѓу нејзините најзначајни претстави се: „Нема да биде крај на светот“ (2021) од Аднан Лугониќ, во копродукција на МНТ и Сараевски ратни театар; „Отело“ (2019) од Вилијам Шекспир, копродукција на Перипетија продукција, МНТ и БНП, Зеница; „Галеб“ (2018) од А. П. Чехов во продукција на МНТ; „Буре барут“ (2018) од Дејан Дуковски, во продукција на БНП, Зеница; „Белградска трилогија“ (2017) од Биљана Србљановиќ, во продукција на Перипетија продукција; „Разговори во четири очи“ (2015) од Ингмар Бергман; „Треперење“ (2011), во продукција на Скопје Филм Студио и МНТ; „Кој пукаше на 21-ви?“ (2014) според „Луда Шума“ на Керил Черчил, во Младинскиот културен центар – Скопје; „Евридика“ (2013) од Сара Рул во Драмскиот театар – Скопје; „Пеликанот“ (2012) од Аугуст Стриндберг, проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности – Скопје; „Секс, лаги и диви гуски“ (2012) според „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во продукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар и многу други.\nПретставите на Николиќ учествувале на фестивалите: Средби во Пекинг, Народна Република Кина; Варненско лето во Варна, Бугарија; Светски театар во Софија, Бугарија; Бела Кула, Брест, Белорусија; Арт Окраина, Санкт Петербург, Русија; Московски ноќи, Митишчи, Русија; Человек театра, Чељабинск, Русија; Централноевропски театарски фестивал, Кошице, Словачка; Млад отворен театар, Скопјe; Меѓународен театарски фестивал ФЕСТ, Катманду, Непал и многу други.\n \nУлоги:\nд-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски\nКатарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска\nПетра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова\nЕјла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска\nМортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска\nПетар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов\nМортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски\nХовстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска\nБилинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски\nАслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви\nКапетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски\n \nСценограф: Вишња Вујовиќ\nКостимограф: Ивана Каранфиловска-Угуровска\n \nВреметраење: 105 минути\nПретставата е наменета за целата публика\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-naroden-neprijatel-od-henrik-ibzen/
LOCATION:Центар за култура „Григор Прличев“
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/15.8.2022-naroden-neprijatel.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
