BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
METHOD:PUBLISH
CALSCALE:GREGORIAN
PRODID:-//WordPress - MECv7.32.0//EN
X-ORIGINAL-URL:https://ohridskoleto.com.mk/
X-WR-CALNAME:Охридско лето
X-WR-CALDESC:66 ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО
X-WR-TIMEZONE:Europe/Skopje
BEGIN:VTIMEZONE
TZID:Europe/Skopje
X-LIC-LOCATION:Europe/Skopje
BEGIN:DAYLIGHT
TZOFFSETFROM:+0100
TZOFFSETTO:+0200
TZNAME:CEST
DTSTART:20260329T030000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=03;BYDAY=-1SU
END:DAYLIGHT
BEGIN:STANDARD
TZOFFSETFROM:+0200
TZOFFSETTO:+0100
TZNAME:CET
DTSTART:20261025T020000
RRULE:FREQ=YEARLY;BYMONTH=10;BYDAY=4SU
END:STANDARD
END:VTIMEZONE
REFRESH-INTERVAL;VALUE=DURATION:PT1H
X-PUBLISHED-TTL:PT1H
X-MS-OLK-FORCEINSPECTOROPEN:TRUE
BEGIN:VEVENT
CLASS:PUBLIC
UID:MEC-44d5ec303a81339c0d05ec3cab0fccfa@ohridskoleto.com.mk
DTSTART;TZID=Europe/Skopje:20220817T210000
DTEND;TZID=Europe/Skopje:20220817T210000
DTSTAMP:20220609T095045Z
CREATED:20220609
LAST-MODIFIED:20220708
PRIORITY:5
SEQUENCE:0
TRANSP:OPAQUE
SUMMARY:Театарска претстава „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој
DESCRIPTION:Режија: Борис Лијешевиќ\nПродукција: Народен театар, Белград, Србија\n \n„Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој е  еден од најважните романи во светот на книжевноста. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Борис Лијешевиќ. Долгогодишното театарско творештво на Лијешевиќ резултираше со многу успешни и повеќе наградувани театарски претстави, а претставата „Војна и мир“ на големата сцена на Народниот театар е негово најфасцинантно театарско остварување досега. Во самиот избор на актерската екипа покрај веќе познати и докажани актери има и млади актери чии ликови се први нивни креации. Уметничкиот тим го сочинуваат соработници со кои режисерот има долгогодишна соработка. Борис Лијешевиќ за претставата вели: „Тешко е од ваков роман да се издвои едно нешто. Тука има многу работи. Размислувањата на ликовите за Бога, за вечноста, за љубовта како поглед на светот, за љубовта како начин на живот… Има многу работи за клучните моменти во животот, кога човекот ја согледува и допира суштината која всушност е и тука, која сето време била тука пред неговите очи. Оваа суштина е всушност мир, која не можел да се согледа поради војната. Човекот постојано води битка со самиот себе, со околината, со животот, со Господ. Мирот  всушност е светот. Војната и мирот, како принципи по кои функционира животот и светот се како две сили кои го движат светот и историјата, но пред сѐ човекот. Војната и мирот, како неразделна целина се нешто што не можеме да го разбереме. Како мапа по која се движиме, тркало во чија внатрешност се движиме како циркуски глувци. Војната и мирот заедно ја сочинуваат целината на нашите животи“.\nБорис Лијешевиќ e роден 1976 година во Белград, израснал во Будва, каде завршил основно и средно училиште. Дипломирал на Катедрата за српска литература и јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Во 2004 година дипломирал режија на Академијата за уметности во Нови Сад, каде и денес предава глума како вонреден професор. Воедно тој е и троен стипендист на Гете институтот во Белград и соработник на загрепското актерско студио.  Значаен дел од неговиот опус е неговата работа во документарниот театар, каде авторските проекти се создаваат со снимање тематски разговори со избрани анонимни соговорници кои ги откриваат своите автентични искуства. Од класичните дела ги режирал „Слугата на двајца господари“, комедија од Карло Голдони, „Алкестида“ на Еврипид, „Лоренцачо“ од Алфред де Мисо. Голем и растечки дел од опусот на режисерот го сочинуваат претставите засновани на драматизациите на романот: „Општинското дете“ од Бранислав Нушиќ, „Јаре во млекото“ од Јуриј Пољаков, „Елијаховата столица“ од Игор Штикс, и многу други. Неговата работа е наградувана со многу домашни и регионални награди. Живее и работи на релација Белград – Нови Сад и Будва.\n \nУлоги:\nКнез Николај Болконски – Миодраг Кривокапиќ\nПјер Безухов – Хаџи Ненад Маричиќ\nКнез Андреј Болконски – Данило Лончаревиќ\nНаташа Ростова – Теодора Драгиќевиќ\nКнегиња Марија Болконска – Златија Ивановиќ\nНиколај Ростов – Немања Стаматовиќ\nСоња Ростова – Нина Нешковиќ\nГроф Иља Ростов – Душан Матејиќ\nГрофица Наталија Ростова – Бојана Стефановиќ\nКнез Василије Курагин – Слободан Бештиќ\nЕлена Курагина – Калина Ковачевиќ\nАнатол Курагин – Петар Стругар\nБорис Друбецки – Вучиќ Перовиќ\nЛиза Болконска – Зорана Бекиќ  Ѓорѓевиќ\nНаполеон Бонапарта – Недим Незировиќ\n \nСценограф: Јања Ваљаревиќ\nКостимограф: Бојана Никитовиќ\n \nВреметраење: 3 часа со пауза од 10 мин.\nПретставата не се препорачува за лица помлади од 12 години\n
URL:https://ohridskoleto.com.mk/настани/teatarska-pretstava-vojna-i-mir-od-lav-nikolaevich-tolstoj/
LOCATION:Долни Сарај
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://ohridskoleto.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/17.8.2022-vojna-i-mir.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR
