Етаблирани турски уметници вечерва настапуваат на фестивалот „Охридско лето“

Фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на турскиот ансамбл „Реј“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Овој состав го сочинуваат мецосопранот Ирем Бурша Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу, тенорот Берк Озбек и пијанистот Алпер Акгул. Станува збор за етаблирани музичари кои се докажани […]

Етаблирани турски уметници вечерва настапуваат на фестивалот „Охридско лето“ Read More »

„Охридско лето“ вчеравечер во знакот на литванската уметност

Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“ која се одржува првпат на фестивалот. Прекрасната атмосфера ја создадоа пијанистите Рокас Зубовас и Соната Девејките-Зубовиене кои со своето музицирање ја воодушевија публиката. Како што изјавија тие, овој настап на

„Охридско лето“ вчеравечер во знакот на литванската уметност Read More »

„12“ – Театарска претстава за предрасудите, стереотипите и стравовите на денешното општество

Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар  играјќи ја претставата „12“  работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана  на денешницата од  режисерот Синиша Ефтимов. Претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште е всушност е декларација за човечката неспособност и некомпетентност. Во

„12“ – Театарска претстава за предрасудите, стереотипите и стравовите на денешното општество Read More »

„Охридско лето“ со пијано-концерт и изложба на литвански уметници

Со настап на дуото „Зубовас“ и ликовна изложба на репродукции од Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911)  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе одржи на Литванската вечер на фестивалот „Охридско лето“.  Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се

„Охридско лето“ со пијано-концерт и изложба на литвански уметници Read More »

Прекрасна вечер со гудачки квинтети од Дворжак, Гулда и Фис

Возбудливо уметничко доживување приредија членовите на гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук, настапувајќи на Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во извонредната изведба на виолинистите Сузан Мерт-Томази и Андреј Јаблоков, на виолистката Елеонора де Пои, виолончелистот Леонардо Сесена, како и на контрабасистот Драган Трајковски кој е по потекло од Македонија и

Прекрасна вечер со гудачки квинтети од Дворжак, Гулда и Фис Read More »

Воодушевувачки концерт на парискиот квартет „Модиљани“

Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција вчеравечер музицираше  на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимателно избраната програма. На репертоарот беа гудачки квартети од композиторите Хоакин Турина, Морис Равел и Лудвиг ван Бетовен. Концертот беше во рамки на Вечерта на Европската унија што  веќе осумнаесетта година

Воодушевувачки концерт на парискиот квартет „Модиљани“ Read More »

Австриска вечер на „Охридско лето“  со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук вечерва  од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапи на  „Охридско лето“. Концертот се организира во рамки на традиционалната Австриска вечер на фестивалот што секоја година се одржува со поддршка на Австриската амбасада во Скопје и Casinos Austria. Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Австриска вечер на „Охридско лето“  со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук Read More »

ЕУ вечер на „Охридско лето„ со квартетот „Модиљани“

Програмата на класична музика на 65. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на францускиот квартет „Модиљани“ кој ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот, во рамки на традиционалната Вечер на Европска унија. Овој квартет го сочинуваат виолинистите Амари Сојто  и Лоик Рио ,виолончелистот Франсоа Кифер и Лорaн Марфан кој свири на виола.

ЕУ вечер на „Охридско лето„ со квартетот „Модиљани“ Read More »

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек Read More »

Охридско лето отсега достапно и на Appstore и на Play store

Сите информации за фестивалот „Охридско лето“ отсега се достапни и на апликацијата Ohrid Summer Festival 2025 за корисниците на Аndroid и IOS уреди. Корисниците на ваквите уреди ќе можат да ја следат програмата на годинешното фестивалско издание како и информациите во врска со нејзината реализација. Апликацијата ја изработи агенцијата за изработка на мобилни апликации Ovdevo.

Охридско лето отсега достапно и на Appstore и на Play store Read More »