JAZZ evening KIIOTO (UK)

KIIOTO (В. Британија)

 

Kiiōtō е музичкото „дете“ на наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и на Лу Роудс (од бендот „Лемб“). Нивната музика ги отсликува заедничките музички искуства и навлегува длабоко во значајни животни теми. Двајцата се големи љубители на поезијата, а Лу е и магистер по поезија, што во голема мера влијае на нивниот креативен процес и на нивниот приод како текстописци.

Повеќе од 30 години тие се дел од музичката индустрија, со кариери кои ги формираат во 90-тите години на минатиот век во Манчестер  и настапуваат како дел од различни формации на фестивалите „Коачела“, „Гластонбери“ и на Џез-фестивалот во Монтро.

Лу го предводела бендот „Лемб“ и како соло артист е номинирана за наградата „Меркјури“, додека пак Рохан бил фронтмен на бендот „Урбан Куки Колектив“ кој е познат по хитот „The Key, The Secret”.

Името на бендот „Kiioto” е игра со името на јапонскиот град Кјото бидејќи се инспирирани од некои аспекти на јапонската култура, но со додавање на уште една буква и, која го симболизира заедништвото на овие двајца музичари во животот и во музиката.

  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Date

16 Aug 2026

Time

21:00

Cost

MKD1,000.00

Labels

Music

Location

Dolni Saraj
Dolni Saraj

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *