Велигденски концерт „ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЈЕ“
Женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“
Диригент: Летка Димовска Полизова
Солисти: Надежда Рубен, Јасмина Димитровска и Анета Баталаковска
Р.С.Македонија
„Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот.
„Св.Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на хорската култура.
Освен музицирањето и пријателското дружење, хорот се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности.
Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година. Составен е од 22 женски вокали кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во Република Северна Македонија.
Оновач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Во период од 27 години концертна и фестивалска дејност, хорот „Св. Злата Мегленска“ има освоено вкупно:
Титула, СВЕТСКИ ШАМПИОНИ за 2016
ОЛИМПИСКИ МЕДАЛИ ……………..9 ( 8 златни и еден сребрен медал)
ГРАНД ПРИ ………………………………3
ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ……………………14 (меѓународни)
СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ……………… 11
БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ …………………3
СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ ……………8
Во 2016 година станаа СВЕТСКИ ШАМПИОНИ за 2016, во категорија на женски камерни хорови, на ХОРСКАТА ОЛИМПИЈАДА во Сочи, Руската Федерација.
Сите овие награди и признанија се освоени во: Велика Британија, Бугарија, Америка, Австралија, Германија, Франција, Италија, Словенија, Шпанија, Австрија, Шведска, Летонија, Хрватска, Португалија, Канада, Калифорнија, Чешка, Швајцарија, Русија, Ирска… Пееле во најпознатите светски катедрали, концертни сали, оперски куќи и национални музеи (Опера Хаус, Варшавска опера-Полска, Берлинска Катедрала-Германија, Св.Игнацио, Ла Фениче и Катедрала Дуомо- Италија, Нотр Дам, Музеј Клини, Американска Катедрала, Сент Северин, Куќата на Европа – Франција, Св.Софија…)