Инфо

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Набавката на билетот подлежи на овие Правила и Прописи.

Влезници за настаните

Еден билет важи за едно лице.

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, важат на денот на одржување на настанот. Купувачите нема да имаат право на рефундација или замена за неискористен билет за одржан настан.
Доколку го изгубите билетот, тој не може да биде заменет со нов. Посетителите треба да ги чуваат нивните билети од загуба или оштетување, како и злоупотреба.
Валидна е само базата на податоци за продадените билети што ја има НУ „Охридско лето“.
Секоја злоупотреба на билетите е казнива со закон.

Продажни места и начини на плаќање

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, можат да бидат набавени во билетарниците на НУ „Охридско лето“: билетарница во дирекцијата и online на  karti.com.mk  и mktickets.mk
На денот на настанот, билети можат исто така да се купат на продажните пултови пред сцените.
При набавка на билетите, купувачот е должен да провери дали настанот, датумот, времето, локацијата, седиштето и цената се точни. Купувачот треба веднаш да пријави кај продавачот каква било грешка на билетот.
Набавката на билети на продажните места на НУ „Охридско лето“ може да се направи:
– во готово,
– со платежни кредитни и дебитни картички (прифаќање на сите картички VISA/MasterCard/Maestro).
Правните лица можат да нарачаат билети со исплата на про-фактура.
Прометот за реализирање на уметничката програма за Фестивалот „Охридско лето“ во 2025 година, е ослободен од ДДВ (член 23, точка 8 точка 8-а од Законот за данок на додадена вредност).

Резервации на билети

Резервации на билети е возможно само на емаил: tickets@ohridskoleto.com.mk или телефонскиот број +389 .  При тоа мора да ги оставите Вашите податоци. Потврда за направената резервација ќе добиете на Вашиот емаил или телефонски број.
Вашата резервација ќе важи за определено време, до датумот на одржување на настаните за кои се резервирани билетите најдоцна до 15 часот.

Откажување, одложување, измена на настан

За откажани настани од страна на организаторот на купувачите ќе им биде вратен износот што тие го платиле за купување на билетот.
НУ „Охридско лето“ го задржува правото за промена на програмата на изведувачите, локациите и закажаните термини за почеток. Во случај на лоши временски услови доколку настанот се одржува на резервна локација и/или време, одложувањето на настанот ќе биде објавено најдоцна на денот на настанот на www.ohridskoleto.com.mk. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со активностите на купувачот, билетите ќе бидат заменети со билети за друг настан или на купувачите ќе им биде вратен износот што тие го платиле за купување на билетот.
Рефундацијата ќе се врши од продажното место каде што се купени билетите, со претходно приложување на доказ за купување (отпечатен билет и фискална сметка).

Правила на однесување за време на настаните

Заради непречено одвивање на самиот настан, НУ „Охридско лето“ го задржува правото да забрани влез по почетокот на настанот. Препорачливо е доаѓање половина час пред почеток на настанот. Доколку посетителот задоцни и го приложи билетот по официјалниот термин објавен за почеток на настанот, и настанот е веќе започнат, организаторот може да не дозволи влез на тоа лице во салата на одржување на настанот. Исто така, при секое доцнење дури и да биде дозволен влез во салата – на лицето не му се гарантира дека билетот кој е нумериран со место за седење (блок, ред и место) е слободно и истото може да биде веќе пополнето од друг посетител.
Строго е забрането да се внесуваат животни, предмети што можат да послужат како проектили или оружја, пиротехнички материјали, отровни, експлозивни или запаливи супстанци, шишиња и алкохолни пијалоци. На посетителите им се забранува да внесуваат предмети кои наметнуваат политички пораки, или кои содржат комерцијални или маркетиншки белези со што се прекршуваат облигационите права на трети страни.
Забрането е пушење на гледалиштата.
Публиката треба да ги има исклучено мобилните телефони или другите звучни уреди кои можат да ја нарушат изведбата и да се воздржи од гласни коментари за време на настаните.
Во црквата „Света Софија“, како и во сите верски храмови, задолжително да се почитува кодексот на однесување и облекување.
Секој посетител на настаните ја презема одговорноста да ги почитува назначените Правила и Прописи. Влез може да биде одбиен на сите кои не се придржуваат на општите услови и го прекршуваат законот и редот. Лицата ќе бидат отстранети без право на надомест за билетот.

НУ „Охридско лето“ личните податоци ќе ги обработува во согласност со важечката легислатива за заштита на личните податоци.

БИЛЕТИ
РЕД.БР.ДАТУМСЦЕНАНАСТАНБИЛЕТРЕЗЕРВИРАЈКУПИ ONLINE
1недела, 12 јули 2026, 21 часотАнтички театарСвечено отворање на „Охридско лето“  2026
„Љубов“ гала концерт
Марко Боеми, диригент – Италија
Ермонела Јахо, сопран – Албанија
Чарлс Кастроново, тенор – САД
Национална опера и балет – С.Македонија
1200 блок А,B,C,D                         1000 партер              денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
2понеделник, 13 јули 2026, 21 часотЦентар за култура „Григор Прличев“Премиера на театарска претстава „Татко“ од Флоријан Зелер
режија: Иван Поповски
Здружение Театарот на еден актер – С.Македонија
300 денарирезервирај 
3вторник, 14 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Александер Мелников, пијано – Русија/Германија600 денарирезервирај 
4среда, 15 јули 2026, 20 часотДолни СарајСимфониски оркестар „Нингбо“ – Кина
Абзал Мукхитдинов, диригент – Казахстан
500 денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
5среда, 15 јули 2026, 21:30 часотПредворје на црква „Св. Софија“Премиера на театарската претстава „Кориолајн“ од Вилијам Шекспир
режија: Џон Блондел
продукција: Битолски театар – С.Македонија
500 денарирезервирај 
6четврток, 16 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Rising stars
Kимера трио – Италија
Марта Черета, пијано
Стефано Ракањи, виолина
Џорџо Лукини, виолончело
400 денарирезервирај 
7петок, 17 јули 2026, 21 часотПредворје на црква „Св. Софија“„Митот за Амазонките“
режија и кореографија: Артемис Игнатиу – Грција
Балет
300 денарирезервирај 
8сабота, 18 јули 2026, 21 часотДолни СарајАна и Игор Дурловски и Оркестар Ајга – С. Македонија600 денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
9недела, 19 јули 2026, 20 часотЦентар за култура „Григор Прличев“Театарска претстава                                                                                                                            „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије                                                                                              режија: Драгана Милошевски                                                                                                     продукција: Театар за деца и младинци Скопје – С.Македонија200 денарирезервирај 
10понеделник, 20 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Rising stars
Горјана Стојановска, пијано – С. Македонија
300 денарирезервирај 
11вторник, 21 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“„Алумни“
Концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност                                                       „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – С.Македонија
500 денарирезервирај 
12среда, 22 јули 2026, 20:00 часотЦрква Св. Софија

Словачка вечер Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина)
Роберт Копелман, концертмајстор виолина
Александр Диагилев, виола
Дариа Земскаиа, виолончело

300 денарирезервирај 
13среда, 22 јули 2026, 21:30 часотДолни СарајБалетска претстава                                                                                                                          „Кармен свита и Болеро“ Бизе / Равел                                                                                  во изведба на „Мадленианум“ Опера и театар – Србија300 денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
14четврток, 23 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Камерен оркестар на НОБ
Бисера Чадловска, диригент- С.Македонија
300 денарирезервирај 
15петок, 24 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Австриска вечер
Пијано дуо
Маки Намекава – Јапонија/Австрија
Денис Расел Дeјвис – САД/ Австрија
600 денарирезервирај 
16сабота, 25 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Шпанска вечер
Вибрарт Трио – Шпанија
Хуан Перез Флористан, пијано
Фернандо Ариас Фернандез, виолончело
Мигуел Колом Куеста, виолина
600 денарирезервирај 
17недела, 26 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Британска вечер
Исата Кане-Мејсон, пијано – В. Британија
600 денарирезервирај 
18понеделник, 27 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Ансамбл „Алтус“ – С. Македонија300 денарирезервирај 
19вторник, 28 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Музичка Младина на Македонија
Подиум на млади – С.Македонија
200 денарирезервирај 
20среда, 29 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Италијанска вечер
Кристиана Пегораро, пијано – Италија
600 денарирезервирај 
21четврток, 30 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Француска вечер
Kвартет „Ерме“ – Франција
Омер Буше, виолина
Елисе Лиу, виолина
Лоу Јунг Хсин Чанг, виола
Јан Левионоа, виолончело
600 денарирезервирај 
22петок, 31 јули 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Сигнум квартет – Словенија/Германија
Михал Кнот, сопран саксофон
Јакопо Тадеи, алт саксофон
Алан Лужар, тенор саксофон
Едоардо Зоти, баритон саксофон
600 денарирезервирај 
23сабота, 01 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“
НУ Камерен Оркестар на Битола
Емил Ровнер, виолончело – Австрија
Симон Поповски, виолина – С.Македонија
Евгени Шчербаков, диригент – Канада
500 денарирезервирај 
24понеделник, 03 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Вадим Холоденко, пијано – Украина600 денарирезервирај 
25вторник, 04 август 2026, 18 часотЦрква „Св. Софија“Промоција на монографијата
„Ана Липша-Тофовиќ“                                                                                                                посветена на ликот и делото на големата оперска примадона, основоположник на Македонската опера и основоположник на фестивалот „Охридско лето“, во чест на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓање.
Автори: м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски
слободен влезрезервирај 
26вторник, 04 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Роденден на фестивалот
Мајан Лихт, контратенор сопранист –  Израел
Пшемек Виницки, пијано – Полска
1.000 денарирезервирај 
27среда, 05 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Холандска вечер
Ниек Бар, виолина – Холандија
Бен Ким, пијано – Холандија
600 денарирезервирај 
28четврток, 06 август 2026, 21 часотПредворје на црква „Св. Софија“Candlelight concert
Профундис ансамбл – С.Македонија
Стефан Миленковиќ, виолина – Србија
600 денарирезервирај 
29петок, 07 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија““Грчка вечер
Масимо Полидори, виолончело – Италија
Теодосија Нтоку, пијано – Грција
600 денарирезервирај 
30сабота, 08 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Ренесансен хор Готик Војсис – Велика Британија
Кетрин Кинг, мецосопран
Стивен Харолд, тенор
Џулијан Поџер, тенор
Симон Вајтли, баритон
600 денарирезервирај 
31недела, 09 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“ЕУ вечер
Last Rose of Summer
Дејвид Тобин, виолина – Ирска
Фингин Колинс, пијано – Ирска
Јохана Кезеи, флејта – Унгарија/Ирска
600 денарирезервирај 
32понеделник, 10 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Алиса Садикова, харфа – Русија/САД300 денарирезервирај 
33вторник, 11 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Вечер на барокна музика
Владимир Костов, виолина – С. Македонија
Цветанка Созовска, чембало –  С.Македонија/Холандија
300 денарирезервирај 
34среда,12 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Сонг Сихенг, пијано – Кина600 денарирезервирај 
35четврток 13 август 2026, 20 часотЦрква „Св. Софија“OH JAZZ
ЏЕЗ вечер
Ортодоксија каи танатос
Крсто Роџевски – САД / С.Македонија
1.000 денарирезервирај 
36четврток 13 август 2026Предворје на црква „Св. Софија“ 
37петок, 14 август 2026, 20 часотДолни СарајOH JAZZ
ЏЕЗ вечер
Национален џез оркестар – С.Македонија
Петер Сомуа – Гана
1.000 денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
38сабота, 15 август 2026, 20 часотДолни СарајOH JAZZ
ЏЕЗ вечер
Нубаја Гарсија – Велика Британија
Петер Сомуа Бенд – Холандија/Германија
1.000 денарирезервирајkarti.com.mk
mktickets.mk
39недела, 16 август 2026, 20:00 часотДолни СарајOH JAZZ
ЏЕЗ вечер
Балкански џез проект
1.000 денарирезервирај 
40недела, 16 август 2026, 21:00  часотЦентар за култура „Григор Прличев“Театарска претстава „Уна“ по текст на Момо Капор
режија: Дејан Пројковски
продукција: Ѕвездара театар – Србија
500 денарирезервирај 
41понеделник, 17 август 2026, 17 часотЦрква „Св. Софија“Емилио Перцан – С.Македонијаслободен влез/ 
42понеделник, 17 август 2026, 21 часотДолни СарајЗападен Балкански младински оркестар
Подиум на млади
200 денарирезервирај 
43вторник, 18 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Унгарска вечер
Ноеми Селаи, клаинет Унгарија
Александра Балог, пијано Унгарија
400 денарирезервирај 
44среда, 19 август 2026, 21 часотЦрква „Св. Софија“Полска вечер
Глам квартет – Полска
Стен Брeкенриџ, пијано – САД
600 денарирезервирај 
45четврток, 20 август 2026, 21 часотЦентар за култура „Григор Прличев“Свечено затворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ „Као какaо“ по текст и драматургија на Венко Андоновски
режија:  Дејан Пројковски
музика: Влатко Стефановски
продукција: „Bagi Communications“
600 денарирезервирај 

 

СПОДЕЛИ