Директорот на НУ „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски денеска во Дирекцијата на фестивалот оствари работна средба со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.
Цуцковски го информираше вицепремиерот Димоски за досегашната реализација на програмата при што беше заклучено дека годинава „Охридско лето“ има исклучително амбициозна програма, од самото Свечено отворање па низ сите 40 фестивалски вечери на кои настапуваат големи музички имиња и реномирани театарски куќи. Исто така се разговараше и за плановите, проекциите и сѐ она што ќе […]