Сцени

Сцената ја опфаќа изградената фиксна дрвена платфотма распоредена северно веднаш над античката централна сцена . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма и најчесто користена за свеченото отварање на фестивалот и за претстави од поголем ранг .
Види повеќе

Антички театар

Сцената го опфаќа централниот дел од зафатнината на Долни Сарај распоредена на наколку нивоа изградена од цврст бетонски материјал на кој се монтира монтажна платформа ( бина ).
Види повеќе

Долни Сарај

Сцената ги опфаќа западниот заден дел на црквата , терасата , јужните и северните внатрешни скали , и целата површина на предворјето на задниот западен дел . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма
Види повеќе

Предворје на црква св.Софија

Сцената се наоѓа во внатрешноста на самата црква односно нивото на собирниот дел и дел од нивото на олтарниот дел. Оваа сцена опслужува само музички и вокални интерпретации .
Види повеќе

Црква св. Софија

Големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, „Охридско лето“ ја користи најчесто за театарските претстави кои бараат игра на затворен простор, но и за другите настани што се организираат во рамките на фестивалската програма, доколку временските услови не дозволуваат нивно одржување на отворено.
Види повеќе

Центар за култура

Програма

No event found!

Продажба на билети

ЗА ФЕСТИВАЛОТ

Ако се зборува за Фестивалот Охридско лето во пресрет на неговото 65- тото издание, сигурно е дека долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува кон сознание дека, таа се потпира на нешто што навистина претставува голема традиција…

Пријатели на Охридско лето

Опис на сцената :

Сцената ја опфаќа изградената фиксна дрвена платфотма распоредена северно веднаш над античката централна сцена . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма и најчесто користена за свеченото отварање на фестивалот и за претстави од поголем ранг . Гледалиштето е составено во два дела , фиксен дел кој го опфаќа делот на изградените театрални сводови од мермерни блокови над бината и монтажен дел кој го опфаќа делот на центалната античка сцена . Сцената во договор со Завод и Музеј на град Охрид е дадена во целосно временско користење во целиот период во рамките на Фестивалскиот термин.За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел Завод и Музеј на град Охрид. Направен е и аплициран проект до министерството за Култура на РМ од страна на Фестивалот за монтажно покривање на сцената и гледалиштето на Антички Театар Охрид , процедурата е во тек .

Капацитет :

Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува :

  • За фиксниот дел – 1719 гледачи ;
  • За монтажниот дел – 200 гледачи .
  • ( капацитетот на ова гледалиште ќе се зголеми во иднина со развојните проекти на НУ Охридко лето и НУ Завод и Музеј преку доградба на 6те редови кои недостасуваат на мермерниот театрален дел од гледалиштето )

Опис на сцената :

Сцената го опфаќа централниот дел од зафатнината на Долни Сарај распоредена на наколку нивоа изградена од цврст бетонски материјал на кој се монтира монтажна платформа ( бина ). Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма но најчесто е користена за манифестации со повисок интерпретативен тоналитет поради фактот дека Сцената е отворена и е подложна на акустично попречување од други субјекти и објекти . Гледалиштето е распоредено на наколку нивоа со цврст бетонски материал и на него се поставуваат столици во зависност од потребата . Сцената е во сопственост на Фестивалот .Направен е и аплициран проект до министерството за Култура на РМ од страна на Фестивалот за монтажно покривање на сцената и гледалиштето на Долни Сарај , процедурата е во тек .

Капацитет :

Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува :

  • Целата сцена – 1000 гледачи во седечка состојба
  • Целата сцена – 1500-2000 во стоечка состојба.

Опис на сцената :

Сцената ги опфаќа западниот заден дел на црквата , терасата , јужните и северните внатрешни скали , и целата површина на предворјето на задниот западен дел . Оваа сцена опслужува музички, вокални и интерпретации на театарската програма . Просторот на гледалиште се наоѓа над предворјето и е на повеќе нивоа со изградено фиксно гледалиште од метална и дрвена конструкција . Сцената во договор со МПЦ имацелосно временско користење во целиот период во рамките на Фестивалскиот термин. За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел МПЦ .

Капацитет :

Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е фиксен и моментално изнесува 470 места , распоредени на зградените дрвени фиксни клупи лоцирани над предворјето .

Опис на сцената :

Сцената се наоѓа во внатрешноста на самата црква односно нивото на собирниот дел и дел од нивото на олтарниот дел. Оваа сцена опслужува само музички и вокални интерпретации . Театарската програма не се прикажува во внатрешноста на црквата . Просторот на гледалиштето се состои од четири дела , централен , јужен , северен и западен ( гледалиштето на катната тераса над собирниот дел ). Сцената во договор со МПЦ се користи во термините од 19 до 23 часот, во рамките на времетраење на фестивалот . Во деновите кога има проба или генерална проба за истите се користи терминот од 12 до 15 часот .За хигиената и организацијата на сцената во рамките на Фестивалскиот термин се грижи персоналот на фестивалот а во рамките на останатиот дел МПЦ .

Капацитет :

Капацитетот на гледачите кои може да ги опслужи ова гледалиште е варијабилен во сооднос со комодитетот, потребите и ранкот на претставата и се движи во рамката од 200 седишта до 250 седишта распоредени во деловите сразмерно на потребите :

  • Централниот дел – 150 столици ;
  • Јужниот дел – 50 столици ;
  • Северниот дел – 50 столици ;
  • Западниот ( катниот ) дел – 20 столици .

Опис на сцената :

Големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, „Охридско лето“ ја користи најчесто за театарските претстави кои бараат игра на затворен простор, но и за другите настани што се организираат во рамките на фестивалската програма, доколку временските услови не дозволуваат нивно одржување на отворено.

Капацитет:

Мала сцена – 144 седишта

Голема сцена вкупно – 540 седишта (партер 400 седишта, ложи и балкон (галерија) 140 седишта)