Јанош  Балинт; Владимир Милошевиќ

Јанош  Балинт – флејта, Унгарија
Владимир Милошевиќ – пијано, Србија

 

 

Јанош Балинт- флејта

Роден во 1961 година во Унгарија, Јанош Балинт дипломира на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта во 1984 година. Добитник е на бројни награди на меѓународни натпревари меѓу кои во Анкона, Лајпциг, Маркнеукирхен… Во периодот од 1981-1991 година, Балинт е прв соло флејтист на Симфонискиот оркестар на Унгарското радио, за подоцна да ја добие истата позиција во Унгарската национална Филхармонија каде останува помеѓу 2000-2007 година. Основач е на институтот „Доплер“ во Унгарија, а во моментот предава на Високата школа за музика во Детмолд, Германија и е гостин-предавач на Академијата „Карел Шимановски“ во Катовице.  Како солист настапувал во скоро сите земји низ Европа, но и во САД, Јапонија, Тајван, Кореја и Израел во камерни формации со Андраш Шиф, Марта Аргерич, Миклош Перењи, Золтан Кочиш, Аурел Николет. Има снимено преку 30 ЦД-а за „Хунгаротон“, „Капричо“ и „Наксос“. Секоја година одржува 10-12 мајсторски курсеви низ целиот свет во некои од најдобрите институции и универзитети во светот како Академијата „Сибелиус“ во Хелсинки, Високата музичка школа во Виена, Колеџот „Тринити“ во Лондон и многу други. Нeговиот широк репертоар за флејта вклучува преку 1000 композиции кои датираат од барокот па сé до современите дела за флејта, а некои од нив се напишани специјално за него. Во оваа бројка покрај делата за соло флејта, свое место имаат и концертите за флејта и оркестар, камерни композиции за флејта и пијано, гитара, харфа или глас. За да го прошири репертоарот уште повеќе, Балинт самиот компонира транскрипции за дела кои оригинално не се напишани за овој инструмент. Во 2008 година Јанош Балинт го добива најголемото Унгарско признание од областа на музиката, наградата „Франц Лист“ за особени достигнувања, која ја доделува Министерството за култура и образование на Унгарија.

 

Владимир Милошевиќ-пијано

Владимир Милошевиќ важи за еден од најистакнатите српски пијанисти на неговата генерација. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Белград во класата на проф. Невена Поповиќ, а продолжил да се усоршува  во Италија кај Лазар Берман и Мишел Далберто. Од страна на менаџерската куќа New York Concert Artist and Associates е прогласен за „Ѕвезда во подем“ и овозможен му е настап со оркестар во „Меркин Хол“ во Њујорк. Настапувал во концертните сали во Париз, Лондон, Берлин, Прага, Виена, Тел Авив, Милано, Рим, Перуџа, Венеција, Ница, Лион и Вилнус. Како победник на Меѓународниот натпревар во Виченца, дебитира во „Карнеги Хол“ во Њујорк во 2005 година. Турнеите го водат во Јужна Африка (Кејптаун, Јоханесбург, Дурбан и Порт Елизабет), Бразил (Порто Алегре, Пелотас, Сао Хозе дос Кампос), Мароко (Казабланка, Рабат и Маракеш) и Австралија каде настапува со рецитали и одржува семинари. Како активен камерен музичар соработува со Драган Ѓорѓевиќ, Стефан Миленковиќ, Роман Симовиќ, Јанош Балинт, Дмитри Прокофјев.  Како солист со оркестар настапува со Белградската филхармонија, Оркестарот на РТС, Симфонискиот оркестар на Црна Гора, оркестрите во Кејптаун, Јоханесбург итн, под диригентските палки на Антон Нанут, Даринка Матиќ-Маровиќ, Јанош Фурст, Билјана Радовановиќ, Мартињо Лутеро, Нурхан Арман, Емануел Сиферт и др. Носител е на бројни награди и признанија од меѓународни натпревари во Франција, Полска, САД, Австралија и Италија. Има направено снимки за радио и ТВ во Јапонија, Бразил, Канада и Полска. Владимир Милошевиќ е редовен професор по пијано на Универзитетот за уметности во Белград.

 

Програма:

 

Ф. Доплер: Унгарска пастоална фантазија

 

А. Дворжак: Сонатина оп. 100

Allegro risoluto

Larghetto

Scherzo. Molto vivace -Trio

Finale. Allegro

 

К. Дебиси: Сиринкс за соло флејта

 

Б. Барток: Романски танци

 

Ж. Масне: „Медитација“

 

Ф. Борне: „Кармен“ фантазија

Дата

03 Авг 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD500.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *