Лука Дебарг – пијано, Франција

Лука Дебарг-пијано

„Неверојатен  талент, уметничка визија и креативна слобода“ вака Лука Дебарг беше оценет од  светската критика  после  неговите настапи на Меѓународниот натпревар  „П. И. Чајковски“ во Москва во 2015 година, кога тој се закити со значајната награда која ја доделува Московското здружение на музички критичари.
Денес, Лука Дебарг настапува со рецитали и со оркестар во некои од најпрестижните концертни сали во светот како Берлинската филхармонија, „Концертгебау“ во Амстердам, „Концертхаус“ во Виена, театарот „Шанзелизе“ и Филхармонијата во Париз, Лондонскиот „Вигомор хол“ и „Ројал Фестивал Хол“,салите во Франкфурт, Келн, Токио, Пекинг, Шангај, Тајпеј, Сеул и секако легендарната голема сала на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, театарот „Марински“ во Санкт Петербург и „Карнеги хол“ во Њујорк. Исто така, настапува и на фестивалот „Рок д Антерон“ и  на фестивалот во Вербие.

Лука Дебарг настапува под диригентските палки на Валери Гергиев, Михаил Плетнев, Владимир Јуровски, Андреј Борејко, Туган Сокхиев, Владимир Спиваков и Бертранд де Били, додека пак негови постојани партнери за камерна музика се: Гидон Кремер, Жанин Јенсен и Мартин Фрост.

Роден во 1990 година, Лука има необичен пат до успехот. Откривајќи ја класичната музика на 10-годишна возраст, овој иден музичар започнал да ја осознава  полека,  преку различни интелектуални искуства кои меѓу другото вклучуваат и студии од областа на литературата и филозофијата. Неговата средба со признатиот педагог Рена Шерешевскаја претставува пресвртница во неговиот живот, а нејзината визија и водство го инспирираат Лука да се посвети целосно и професионално на музиката како негова животна определба.

Голем дел од неговото време Дебарг посветува на компонирање и досега има напишано преку 20 дела за соло пијано и за камерни состави. Тука е вклучено и делото „Орфеј за камерен оркестар“ напишан за пијано, тапани и гудачки оркестар и премиерно изведен  од „Кремерата Балтика“.  Со овој ансамбл Лука редовно соработува, и во моментот работи на камерна опера која е порачка токму од овој состав.

Сони класикал досега има издадено пет албуми на Лука Дебарг со дела од Скарлати, Бах, Бетовен, Шуберт, Шопен, Лист, Равел, Медтнер и Шимановски.  Монументалното издание со делата на Скарлати е вклучено на листата на „десет класични албуми што ја одбележуваат деценијата“ според  „Њујорк Тајмс“. Во август 2021 година во продажба се најде новото ЦД снимено со „Кремерата Балтика“ и Гидон Кремер со дела на релативно непознатиот, но фасцинантен полски композитор Милош Магин.

Патот на Лука Дебарг до финалето на натпреварот „Чајковски“ е инспирација за документарниот филм „Кон музиката“ на режисерот Мартин Мирабел во продукција на „Бел Ер Медија“ кој беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Биариц во 2018 година.

 

Програма:

 

В. А. Моцарт: Соната во a-moll K. 310                                                                  

                                Allegro maestoso

Andante cantabile con espressione

Presto

 

Ф. Шопен:          Балада бр. 2 a-moll оп. 38.

                                               

Ф. Шопен:          Прелудиум во cis-moll оп. 45

 

Ф. Шопен:          Полонеза-фантазија во As-dur оп. 61

 

-Пауза-

 

М. Равел:            Gaspard de la Nuit

                                Ondine

                                Le gibet

                                Scarbo

 

Ф. Лист:               Фантазија квази Соната „Данте“

Дата

07 Авг 2022
Expired!

Време

21:00

Цена

MKD700.00

Категорија

музичка програма
Црква Св. Софија

Локација

Црква Св. Софија
Цар Самоил 88, Охрид 6000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *