Полска вечер
Емануел Салвадор-виолина
Емануел Салвадор според стручниот магазин „Страд“ е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Настапувал како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во В. Британија, Казахстан, Кина, Јапонија, Португалија, Холандија, Мексико, Турција, Шпанија, Италија и Германија. Во 2005 година дипломира на школата за музика и драма „Гилхол“, а студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Како солист и концерт-мајстор настапувал со Шпанскиот национален оркестар, со Националниот оркестар во Бразил, Класичниот оркестар во Сеул, филхармониите во Адана, Монтереј, Краснојарск и многу други. Основач и водач е на квартетот „Гумераиш“ од Португалија со кој редовно остварува настапи во Европа и Азија. Од 2005 до 2015 година Салвадор е концерт мајстор на Оркестарот „Норте“ во Амаранте, Португалија. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.
Емилија Гох Салвадор- виола
Емилија Гох Салвадор дипломира со највисоки оценки на музичката академија
„Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“ и истовремено е раководител на Оркестарската асоцијација „Балтик-Неополис“ која е една од најдинамичните културни невладини организации во Полска. Од 2005-2018 година соработува со бројни ансамбли и оркестри како ансамблот „Солисти на Германската опера“, „Солисти на Ковент Гарден“, свири во оркестарот на кралската опера „Ковент Гарден“, настапува со Симфонискиот оркестар на Индија и квартетот „В4-Вишеград“ и др. Нејзините концерти ја носат во концертните сали низ Индија, Норвешка, Естонија, Германија, Данска, Чешка, Грција, Сингапур, Тајланд, Малезија, Виетнам и Филипините. Од 2012-2015 година таа е соработник на театарот „Садлерс Велс“ во Лондон за балетските продукции „Сутра“ и „Орбо Ново“. Со „Балтик-Неополис“ оркестарот реализира повеќе носачи на звук и успешно настапува на оркестарски турнеи во Кина и Јапонија. Од 2016 година е постојан член на португалскиот квартет „Гумераиш“ со кој редовно концертира.
Емилија Гох Салвадор е професор на Уметничката академија во Шчечин од 2013 година, а од 2019 година организира мајсторски курсеви за виола во Шчечиин и Гумераиш.
Програма:
Ј. С. Бах: Голдберг варијации (избор)
В. А. Моцарт: Дуо за виолина и виола G-dur K. 423
Allegro
Adagio
Rondeau. Allegro
Ј. Халворсен: Сарабанда на тема од Хендл
-пауза-
Ј. Сибелиус: Дуо во C-dur за виолина и виола
Р. Фухс: Дуети за виолина и виола оп. 60 бр. 3, 4 и 12
Б. Барток: Романски фолк танци
Ј. Халворсен: Пасакаља на тема од Хендл