Премиера на театарската претстава Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме

од Душан Јовановиќ

Режисер: Иван Пеновиќ

 

Копродукциски проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ од Будва.

Режисерот Иван Пеновиќ најавувајќи ја претставата вели: „Комедијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ на прв поглед донекаде се издвојува од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, одржувајќи ја формата на комедијата сосема верно. Текстот е напишан во 1972 година и за прв пат е поставен во Градскиот театар во Љубљана една година подоцна. Напишан е во духот на сексуалната револуција и „пролетта `68“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела, таканаречениот лудизам е специфичен одговор на „тешките“ теми обработувани од повоената генерација. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на какво било трагање по значењето, барање одговори или решенија за човековите егзистенцијални тешкотии. Тој претпочита да ги прифаќа работите онакви какви што се и наместо да бара излез од неволјата, дозволува настаните да се одвиваат преку опуштена игра. Сето ова важи и за „плејбоите“. Тој е виор на жива еротика, младост и невоздржана, никогаш незаситена страст. Меѓутоа, меѓу редови, може да се насетат и празнината, суетата и егоизмот на општеството кое постојано брка задоволство. Денес, половина век по `68-та, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, на кои им се придружува потрагата по пари и егзистенцијалниот страв“.

Во биографијата на еден од најпрогресивните уметници во поранешната држава, Душан Јовановиќ (1939-2020), пишува дека повеќе од пет децении придонесувал за словенечкиот и поширокиот регионален театар како драматург, режисер и есеист.

Во раните години тој се здобил со репутација на страшен анфан, а по 1970 година неговиот креативен пат почна вертикално да се искачува. Како интегрален автор на широк опус, тој претставува клучен авторитет во обновувањето на современиот драмски и сценски јазик.

Режирал повеќе од деведесет текстови, од кои дел сопствени, а дел од домашни и странски автори. Добитник е на бројни награди за својата работа, меѓу кои седум Борштникови награди за режија и четири за најдобра сeвкупна продукција, наградата од фондацијата Прешерн и Гранд Прешернова награда за креативен опус.

Иван Пеновиќ (1992) е млад хрватски драматург и режисер, кој со својот интегрален и ангажиран пристап веќе се рангира меѓу највозбудливите автори во регионот.

Од 2012 до 2016 година учествува како драматург во бројни претстави во повеќе хрватски театри. Од 2014 година редовно режира свои текстови.

Пресвртница во неговата кариера беше наградената претстава „Знаеш кој сум јас“, во продукција на ХНК Загреб. Сите негови проекти го сретнаа ентузијазмот на стручната и пошироката јавност, а беа претставени на реномирани фестивали во земјата и странство. Иван Пеновиќ е директор на ХНК Сплит.

Претставата ќе биде посветена на петгодишнината од смртта на авторот Душан Јовановиќ.

Улоги:

Марјан Наумов

Јована Спасиќ

Лазар Христов

Марко Гверо

Вукашин Јовановиќ

Соња Стамболџиоска

Нејц Језерник

Јулита Кропец

Лазар Николиќ

 

Сценографија: Лазе Трипков

Костимографија: Александар Ношпал

Сценски движења: Дамир Клемениќ

Композитор: Владимир Пејковиќ

Драматург: Иван Пеновиќ

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

17 Авг 2025

Време

21:00

Цена

MKD400.00

Категорија

драмска програма
Центар за култура „Григор Прличев“

Локација

Центар за култура „Григор Прличев“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *