Романска вечер „Од Букурешт до Мадрид“
Ирина Мурезану-виолина
Даниел дел Пино-пијано
Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајни композитори од овие земји.
Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и од тогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти.
Програма:
„Од Букурешт до Мадрид“
П. Константинеску: Сонатина
(Романија)
Allegro moderato
Andante
Allegro assai
Б. Бaрток: Унгарски фолклорни мелодиии
(Унгарија)
Ј. Брамс: Соната бр. 3 d-moll оп. 108
(Германија) Allegro
Adagio
Un poco presto e con sentiment
Presto agitato
– Пауза –
Ф. Крајслер: Мал Виенски марш
(Австрија)
М. Равел: Соната
(Франција) Allegretto
Blues. Moderato
Perpetuum mobile
М. Де Фаља: Ритуален танц на огнот за соло пијано
(Шпанија)
П. де Сарасате: Хабанера
(Шпанија)