„Животот е …“ Кабаре на Наташа Поплавска

„Животот е …“
Кабаре на Наташа Поплавска
Р.С.Македонија

 

По успешните мјузикли „Чикаго” и „Мама миа” во кои македонската публика уживаше изминатите години, а по двегодишна пауза во која светот застана, Наташа Поплавска на публиката повторно ќе и понуди музичко – сценско уживање во нова приказна напишана од Ристо Вртев. Овој пат на сцената на Националната Опера и Балет, Поплавска, заедно со својот соработник, кореограф Олга Панго поставуваат ново кабаре, наречено  „Животот е …” Во ова патешествие им се придружуваат маестралните визуелни уметници, видео дизaјнерот Дејан Матиќ и светло дизајнерот Милчо Александров кои ќе ја создадат сценската магија заедно со Поплавска, Панго, балетските солисти од Националниот Балет и познатата џез артистка Марија Димитријевиќ. Низ животната приказна на кабаретската ѕвезда Сали Боулс преку случките од некогашниот Берлински „Кит Кет“ кабаре клуб ја следиме трансформацијата на животот во денешната корпоративна и виртуелна стварност. Џез звуците на познатите Нат Кинг Кол и Џон Кандер преминуваат во електронските поп звуци на пионерите на електронската музика „Крафтверк“. Претставата е во продукција на Здружението за развивање на уметност и културна соработка АРТ МЕДИА во соработка со Националната Опера и Балет, а поддржано од Министерството за култура на Република Северена Македонија.

 

Асистент на режија: Иван Вртев

Приказна: Ристо Вртев

Кореографија: Олга Панго

Музика: Нaт Кинг Кол, Џон Кандер и „Крафтверк“

Лирика: Фред Ебб и „Крафтверк“

Видео анимација: Дејан Матиќ

Дизајн на светло: Милчо Александров

 

Настапуваат:

Марија Димитријевиќ – Сали Боулс

Олга Панго – Церемонијал мајстор

Иван Вртев – Новиот церемонијал мајстор

Ендру Кук  (к.г. Велика Британија) – Хелга, Боби

Дафина Данилоска – Кочевска – Тексас

Маја Митровска Богојевска – Инге

Биби Басмаџиева – Ковачевски – Френчи

Ангела Велевска – Лулу

Ангела Богатинова – Роузи

Сарина Стојановска  – Маузи (вокал)

Мартина Аврамовска – Бети (вокал)

Михаела Перевска – Лили (вокал)

 

  • 00

    Денови

  • 00

    Часови

  • 00

    минути

  • 00

    секунди

Дата

Јул 23 2022

Време

21:00

Цена

MKD300.00

Категорија

дополнителна програма
Долни Сарај

Локација

Долни Сарај