Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот.
„Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот.
„Св.Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на хорската култура.
Освен музицирањето и пријателското дружење, хорот се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности.
Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година. Составен е од 22 женски вокали кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во Република Северна Македонија.
Оновач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Цена на билет: 200 денари / 200 MKD
Продажба на билети: пред почеток на настанот пред црква „Св.Софија“
Резервации на билети:
046 262 304