Национална опера и балет од Република Северна Македонија со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“.
Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.
Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).
Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга Панго, а либретото и драматургијата се на Сашо Димоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова, мултимедија и дизајн на Емил Петров. Дизајнот на светло е на Милчо Александров, а Златица Поповска е задолжена за дизајн на шминката.
Во балетот „Госпоѓиците од Авињон“ се користени сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“.