Сиљановска-Давкова: Уметноста е трезор на индивидуалната, но и на колективната меморија, влог во сегашноста, но и во иднината
Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на „Охридско лето“ отворајќи го 64. фестивалско издание. Претседателката на државава Гордана Сиљановска -Давкова која е и покровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, рече дека градот Охрид, покрај тоа што е природен споменик, пред повеќе […]