Српскиот актер Никола Ѓуричко вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ за публиката на фестивалот „Охридско лето“ приреди стенд-ап шоу под наслов „Шоу биз“.
Станува збор за негов втор ваков проект пред претходниот успешен стенд-ап од пред три години „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“.
На хумористичен начин, Ѓуричко раскажуваше интересни детали од неговиот живот и како што самиот вели, станува збор за „некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето“.
Тој е еден од позначајните српски, регионални, но и холивудски актери кој активно работи на холивудските проекти веќе подолго време.