Охридско лето отсега достапно и на Appstore и на Play store

Сите информации за фестивалот „Охридско лето“ отсега се достапни и на апликацијата Ohrid Summer Festival 2025 за корисниците на Аndroid и IOS уреди.

Корисниците на ваквите уреди ќе можат да ја следат програмата на годинешното фестивалско издание како и информациите во врска со нејзината реализација.

Апликацијата ја изработи агенцијата за изработка на мобилни апликации Ovdevo.