Холандска вечер со гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“

Гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“ вечерва ќе настапи во рамки на репертоарот на класична музика на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Виолинистите Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен, виолистката Санта Визине, виолончелистот Борис Недјалков, како и кларинетистот Арно Питерс се членови на Кралскиот оркестар „Концертгебау“ и заедно го формираат овој хармоничен ансамбл. Нивната соработка ја одликува неверојатна музичка хемија во која секој инструмент – виолината, виолата,  виолончелото и кларинетот перфектно се спојуваат.

Долгогодишното искуство на овие уметници во оркестарското музицирање придонесува за перфектна синхронизација и софистицирано камерно музицирање кое е исполнето со длабока емотивна експресија и неверојатна техничка прецизност. 

Концертот на Гудачкиoт квартет на Кралскиот оркестар „Концертгебау“ е во рамки на Холандската вечер на „Охридско лето“.